Mislam deka bese 800den.zaedno so kremata za telo,koja isto mi e preubava i trajna.I ne e od k1,mislam deka bese od k17
http://www.fragrantica.com/perfume/Avon/Far-Away-Bella-17371.html http://avonshop.co.uk/product/fragrance/perfume/far-away-bella-eau-de-parfum-spray.html Инаку, го имам мириснато тестерот и не ме импресионира нешто особено. Јас го обожавам оригиналниот Far Away, според мене еден од најубавите парфеми на светот, ми се допаѓа тоа што е јак и доминантен додека Bella е некако неутрален, покласичен, баш онака универзално женствен парфем. Убаво мириса ама не е особено впечатлив, за разлика од Far Away. Јас го меркам Gold-от ама ме пишмануваат коментарите (на повеќе места прочитав дека предизвикувал главоболки )и планирам од овој каталот да си порачам тестерче па сама да си проценам дали може да го поднесам или не.
@Bibi 88 Јас би ти ја препорачала Big False Lash многу сум задоволна од неа ги издолжува трепките и исто така дава и волумен.
Не ми стигнаа работите од Планет спа од К16, и некако ми опадна меракот за темава. Јас сум крива што чекав последниот ден да ги порачам, ама стално нешто друго правев и си викав има време, има време и на крај претставничката ја видела фб пораката што ѝ ја пратив дури утредента и си останав без нив. Еве ви во пракса дека денешната работа не треба да се остава за утре. Уште ми е криво, ептен беше поволна понудата, веќе си ги имав замислено во бањата и на крај ништо. Од К17 ги нарачав пилинзите за тело од јагода и чоколадо, и светкавиот лосион за тело со бобинки. Убаво мирисаат, го пробав пилингот од јагода, ама не сум најзадоволна, плус и двата пилинзи имаат ептен ситни гранули, не ни осеќав нешто додека се триев. Не знам што ми требаат вакви екскурзии, златен пилинг од Лилит со шеќер, млеко и маслиново, јас стално експериментирам со нешто друго. Лосионот го пробав само на рака. Светките се дискретни, мирисот е убав ама не се задржува долго, и не добив впечаток дека кожата ми е нешто посебно хидратирана. Ја земав и купката со зимски бобинки, преубаво мириса, и структурата е како овошен сируп, ми доаѓаше да лизнам што се вели, ама освен мирисот не осетив и од неа некој посебен бенефит врз кожата. Не верувам дека ќе порачам уште нешто до крајот на каталогот, сакав да го фатам условот за производите со 80% попуст од К1, ама ќе треба да порачувам ради реда, и баталив, не ми е ништо толку неопходно потребно. Инаку ги имам и К1 и К2, доколку ве интересира нешто, прашајте. Според мене лично има доста интересни работи во К1. Вие како сте задоволни од вашите порачки од К16 и 17, @LivingGlam дали си задоволна од ракавиците? Сега се намалени и во каталогот од Орифлејм, па можеш да си ги земеш и од таму, да си имаш резерва.
@sesilija, утре треба да ми ги даде, денес веројатно и’ стигнуваат. Малку бавна е мојава со нарачки, заборавив веќе и што имам нарачано. Братучетка ми веќе не работи со Орифлејм и немам некој претставник во близина, баш ми е криво. А го сакав пилингот. Сега се сетив, мислам дека ја имам маската од Спа Исланд и ракавиците. И не ми текнува што друго нарачав, утре ќе се изненадам.
Леле, уште една недела ќе заврши К17, а таа уште не ти ги донела работите од К16, навистина е бавна. Богами човек ќе заборави што нарачал. Инаку на тема Орифлејм, има сега многу намалени работи во таковниот каталог, и кога ги видов ракавиците баш си помислив да ти спомнам. Пилингот е екстра, еве овие што ги земав сега од Авон не се споредуваат со него, гола вода се. Тој е баш маслен, со покрупни гранули, и кожата ја остава прекрасна. Имам користено и други од Орифлејм, од Discover линијата, ама и тие не беа нешто посебно. Разгледај на фб, сигурно има некоја фан страна на Орифлејм за твојот град, веројатно ќе ти препорачаат некој претставник што ти е во близина.
Ама ова мислам беше од К17, претходниот пат не ги нарачав зашто ти ми кажа дека се намалени и во наредниот. Појма немам уствари кој број беше каталогот. Ама сепак е бавна. Пилингов од руската линија ми се допаѓа, крупни гранули има и ептен добро мириса. Ќе гледам да најдам претставник од Орифлејм, тој е навистина подобар.
Јас се откажав засега од ракавиците, дека секогаш кога легнувам или читам со телефонот или слики гледам.И сакам рацете, да ми се слободни.Ги сакам чорапите за нозе.Само незнам дали во Авон ги имаше, а во Орифлеим ги имаше, сега колку се. И јас не сум воопшто одговорна, не сум пратила уште порачките.Ќе видам следната недела да ги пуштам уште во вторник.Или во понеделник се пуштаа, леле заборавив се. Сесилија не ме срами сега, и јас каснам ептен.Ама и касно се одлучив да порачувам.Кој е тој пилинг од Орифлеим ?
Да, да, сега ме потсети, од К17 беа ракавиците. Ме насмеа значи со постот дека сепак е бавна. Бавна е, ама не е до толку како што првично помислив. Винтер, порачките нели се праќаат во понеделник и четврток, ова вие овде ми го кажавте, па по него се раководам кога ѝ кажувам на претставничката што ми треба. Немој така, биди поажурна, тоа се цени од клиентите. Инаку, за овој пилинг зборевме Спојлер Заборавив да ја спомнам и парфимираната вода Фулспид. Шишето воопшто не е елегантно, има една лепенка која делува многу евтино. Знам дека го земав за 300 ден и не треба да очекувам, ама еве сега е 420 мислам, а кога ќе ми текне дека во К2 машкиот Luck е 400 ден, искрено почнува да ми е криво што го порачав. За трајноста не можам баш да кажам, уште не е влезен во употреба. Мене многу ми се допаѓа како мирисаат сините Mesmerize и машкиот и женскиот, е сега не знам колку се трајни, ама мирисот им е мххх.
@sesilija во врска со парфемите mesmerize другарка ми го земаше машкиот за дечко и, и е доста задовола и од мирисот и од трајноста. Јас земав мостри од женскиот ама некако не ми беше ништо посебно. Да искористам прилика да го пофалам femme, еден од најтрајните што сум ги користела. Во врска со пилинзите од авон, од поодамна имам еден и не е нешто најпосебно.
Епа тоа е субјективно, секој го привлекуваат различни мирисни ноти. Мене ептен ми оставија впечаток, зборувам за сината линија, иако и црниот машки ми се допаѓа многу. Пилинзите, не знам, се крена доста фама за нив, беа многу коментирани па сакав да ги пробам, посебно откако тој од јагода не ми стигна кога беше ептен намален пред некој месец. Сакав да ја прашам и @Sky-butterfly дали го проба спрејот за зајакнување на косата, знам дека го имаше порачано, во К1 е намален па ме интересира каков е ефектот за да знам дали да си го земам и јас.
Мила, го пробав и спрејот и шампонот. Прво шампонот ми се многу допаѓа бидејќи мириса некако освежително, мене на ментол ме потсетува, што е врло можно бидејќи и намената му е за зајакнување и заштита. Второ, уште побитно е, што многу пени. Тоа ми се многу допаѓа кај шампонов бидејќи шампоните што слабо пенат ме иритираат и ми треба подолго време да ја измијам косата. Не користам регенератор. Право на влажна коса нанесувам од спрејот и ја сушам. Поради спрејот косата се лесно расчешлува и доаѓа како некој балсам кој не се мие. Мене косата престана да паѓаа, ама мислам поради другиот шампон (или едноставно така се има погодено) така да штом не почнала да ми паѓа пак, јас сум задоволна. Мирисот на спрејот е интензивен и трае. Јас би го порачала пак, и шампонот и спрејот. Регенераторот од истава линија не, бидејќи не му ја гледам функцијата кога и спрејот ми врши работа како балсам. Ми се допаѓа практичноста, дека не се испира де, времето ми е битно, така да јас секогаш паѓам на вакви 'лесни-за-употреба' продукти. Е сега, косата ми се побрзо масти и не знам дали од спрејот што не се плакне, или едноставно поради зимно време. Мене секогаш ми е таков случај со косата во зимно време. Во секој случај сум задоволна