бесплатна е членарината во авон ?? бидејки една другарка ми кажа дека имала сознание дека годишно се плаќало.
Ме интересира за маската Планет Спа од Авон за коса-зелената како се користи? Се плакне по нанесувањето или не ? И се става на цела коса или само на врвовите?
Mаските за коса обично се ставаат од пола коса па надолу на врвовите.Никако на корен зошто многу брзо ќе ти се мрси.
Cence јас би ти рекла Lucky Kiss незнам повеќе ми се допаѓа нијансата и потемен ќе биде во живо кога ќе ти го достават,затоа јас би одбрала Lucky Kiss.
Сите маски се користат исто, ако пишува МАСКА, значи се плакне по 4-5 минути, ако пишува дека не се измива значи не се измива, меѓутоа сите маски се мијат.
^За подобар ефект, остајте ја поише од 5 минути, накај 20 минути барем, за да се впие убаво има и подобар ефект. Строго од пола коса надоле, НИКАКО на корен, освен ако сакате да имате зејтин мрсна коса. За тие што имаат мрсна коса еднаш неделно, за тие со сува максимум два пати, нечини на секое миење шлапање со маски. Сум ги користела скоро сите, сивата и зелената се покажале добри но за мојата мрсна коса само онаа сината од грчко море така нешто, најлесна и само таа не ми ја мрсеше косата Е таа црвената од бобинка или што и да е, сите ја фалат дека била најубава, најдобра од сите од планет спа. Само таа не сум ја користела,ја немаше ни нешто многу често. Натуралс не ги бива, преретки се и како регенератор доаѓаат, не како маска. Мислам дека секоја маска се измива, не се измиваат оние што се во туба како балсам и од тие се стама многу малку.
Јас си го порачав малото пакување/шишенце од Инкадесенс. Приступачна цена, по набавна ми излезе бонбона. Искрено, порано ич не ми се допаѓаше, немам поим зошто, ама ете си шприцнав од другарка ми и ми траеше цела ноќ, дури марамата мирисаше и наредните денови. Со душа чекам да ми стигне.
Ќе го наводениш лицето, па ќе ставиш од овој лосион - ќе го мачкаш на лице за да се направи како пена (нема се ствара многу пена, само така како бело се појавува). Ќе оставиш неколку минути да постои, па ќе го измиеш лицето и готово.
јас го имам порачано ова и не е лош,онака Инаку имам неколку маскари,лакови од авон и презадоволна сум
Го имам токму ова белото од сликата,доколку го порачаш нема да зажалиш ,совршено бело остава,стварно супер е...
Ја користев и првата, ја користев и втората ама оваа втората ми се гледа како попокривна. Убава е и првата, ама би ја избрала втората
Постојано порачувам од Авон.Секој месец морам да порачам нешто.Задоволна сум од производите а најмногу од: Прекрасна е Сите производи на Care ми се убави и коректорот против мозолчиња
Планирам да си порачам пудра од Авон . Само нз каков тип да земам . Ќе ја земам пудрата Авон magic со кадифен сјај . Инаку тенот ми е бел . Е сега ајде некој кој повеќе разбира во бројките на пудрата да ми препорача која да ја земам?
Сакав од новиот каталог што е од 08.01 до 15.01 да си порачам парфем. Еднаш на подарок го добив Little Black Dress во мало шишенце и многу ми се допадна. Е сега, во овој каталог го има само Little White Dress, се мислам да го порачам тој, бидејќи е на попуст и е 529 ден. Што мислите, да го порачам?