За оваа линија зборуваме. Не се за расчешлување, туку за зајакнување и заштита, само мене спрејот ми дојде и за расчешлување.
Баш ми е мило што ти се стабилизирало опаѓањето на косата. Можеш ли да ми кажеш кој е другиот шампон кој што го користиш, Фитовал, или некој трет? Мене ми се потроши Фитовалот, па се мислам дали да сменам, читам позитивни искуства за Нерилекс.
@sesilija Алверде е другиот шампон. Или се така погоди да ми се средија хормони, ама од опасно загрижувачки опаѓање, оддеднаш стана нормално паѓање на косата. Ама верувам дека ми годеше и шампонот. Претходно имав користен еден професионален токму против паѓање, па ситуацијата не беше ни малку подобрена. Затоа сметам дека алверде имаше некое влијание. Така чувствував. Отидовме офф
^ Ти реков дека се добра линија овие. @sesilija Па мислам дека беа во понеделник и четврток, за четврток сум сигурна.Многу почнав да заборавам, дали дека памтам многу, не е на арно.Портокалвиот фулспид ли, мене синиот и тој ми се допаѓаат, сегасе нели со 45 % попуст, па за дечкоми сакам да порачам.Или ќе му го порачам комплетот блек суд тач.Го прашував каков сака, нели блекот оддамна го користи, ми вика па не сакам имам еден.И само еден бе, мене 10 не ми праваат кејф, он 1.Оној exploration синиот го пробал ли некој? Или акракшн машкиот ? Значи женскиот пепорачан е од дедо мраз или не? Синиот мермаиз и мене многу ми се допадна.А и фем златниот, леле најубав парфем од цел каталог, кога мирисав. @CirezD Нутра портокаловата линија ја фалеше ти, сега како си заодволна по долг период, комплетот е 600 денари, препорачан од дедо мраз, и оддамна го сакав, па сегаго начекав.Оној нијансираниот крем најмногу ми фаќа око, мислам дека како бб крем кажуваше дека бил. @mimi**** Еве јас овој го имам, многу убаво мириса и сум задоволна.За расчешлување е.Има одвреме-навреме еден зелен, а има и од малина и хибискус. И тој го имам многу убаво мириса, само не пишува дека расчешлува, поводен е, повеќе е за мирис.А овој од праска кога го отворив, како балсам е.Ама не остава траги.
@Winter Lady Ти пишав тогаш кога ја зборевме дека не ја користам, ја пробав но си останав на сината крема зошто повеќе ми одговара и немам потреба од друга, додека нијансираниот крем е како бб и е предобар, со тој нема да згрешиш
Изгледа некоја друга имало пишано дека зела комплет од таа колекција, а ти си се надоврзала само за нијансираниот крем, само тој си го зела.Фала ти ќе ја земам колекцијата.Немам некој проблем со тенот, ама може ќе имам некоја бенефиција.
Значи веќе еден месец помина откако го нарачав парфемот авон Luck и уште не ми е стигнат. Од претходниот каталог го имам нарачано ( ноември ) и еве нема абер , наводно го немало на залиха и штом ќе стигнел ќе ме известела , по истата цена како во тој катлог ќе ми го наплати . Па ме интересира дали некоја од вас имало вакво искуство и дали воопшто да го чекам уште ?
Лани кога излезе така една личност после 3 месеци и стигна.Незнам што е фрката со овој парфем.Па не е добро тоа, и ќе стигне.Да можеш да го откажеш само после 3 каталози ако не стигне.
Mене како претставничка редовно ми се случува ова. Значи нема каталог да пуштам порачки без да ми фали нешто. Скоро некогаш она што пишувало дека ќе го достават, обавезно ми стигнувало. Штом си го нарачала во ноември, а го немало на залиха значи дека сега ќе стигне во овие порачки со декември. Е сега треба да си ја прашаш личноста од која порачуваш кога ќе и пристигнат порачките за декември, бидејќи со нив ќе стигне и твојот парфем.
Овој месец беше достапен. На мене ми стигнаа два комплети од жолтиот luck . Ми се има и на мене случено ама веднаш во сл. нарачка стигнувале.
^ И кремата за раце од какао е во недостик. Јас од оваа нарачка само ланчето од Сваровски го добив. Па добро народ се граба.
Ако бил на црвен семафор, има рок 3 камапњи за да стигне, потоа може да се откаже ако го нема, ама конкретно за Luck, во меѓувреме донесоа уште 5 тури така да кажи и на претставничката да провери дали оставила и со црвен семафор да оди порачката и нека провери системски со координаторот како ја пуштила, да не има некој друг проблем, инаку да, по таа цена кога бил порачан се наплаќа.
Помина, има инфо во "работа со авон" темата, но тоа беше пред месец негде за до крај на к02, а за до крај на 04 го немам материјалот во мене за да набројувам новитети моментално
Со душа го чекам да стаса а еве го нема уште... А жената од која нарачувам не е зачленета преку други прави нарачка
zdravo Marija dokolku si zainteresirana moze detalno da ti objasnam kako zaclenuvanjeto?inaku prvata poracka treba da iznesuva 2500den za da mozes vo vtorata da zemes poklon parfem za 25den