И јас имам исто искуство со мат лаковите. Буквално се лупат преку ноќ. Навечер се лакирам, утредента лакот излупен. А исто не сум задоволна и од лаковите со светки. И тие не се баш со некој квалитет.
Лаковите од Авон се КАТАСТРОФА (е мал збор)! Се задигав 4-5 лака и сум разочарана, не траат воопшто обичен пазарски повеќе ми стои на ноктот.
Јас од оние светкавите порачив два.Голд и оној лилавиот со светки На некој му стигнаа ли произвдите обележани со црвено ?
Ме интересира според вас кој од овие парфеми е најдобар,, знам сите имаме различен вкус но ќе одлучам според вашите мислења Far away bela sunset Avon AQUA Tomorrow summer sheer Today Tomorrow always Amour ????
@Winter Lady ако си ги пратила порчаките, мислам дека на страната на авон да се најавиш и можеш веќе да ја видиш фактурата кои производи ќе ти стигнат а кои не. Тие што нема да ти стигнат сега, ако пишува дека ќе ти стигнат во к1 мислам дека и тогаш ќе ти бидат наплатени по таа цена и би требало да имаш попуст.
Зависи од тоа кога ги праќа твојата претставничка порачките. Прашај ја кога ги пратила/кога ќе ги прати и ќе си знаеш од прилика, за 4-5 дена би требало да ги добие.
Дали некој го користел ноќниот третман за тело Skin So Soft? Од оваа колекција сум користела лосион, но многу одамна беше и не се сеќавам на впечатоците. Не знам што ќе им правам на толку прозиводи за тело, ама каталогов пак ме лаже. На ова мислам
4 i 2 ми се најубави така мажемствено свежи исто и под бр1 а останатите ми се потешки појаки некако. У сек8ј случај за таа цена се во глобала добро освен бр3 не ми се свиѓа воопшто.