Не може да и пратат друг пакет зашто кој има доказ па дека не го зела и бара втор? Со години сум таму, не знаеш какви нелуѓе сум се изнагледала. Друго, мора нејзин потпис да има на листот дека го примила пакетот, а ако нема, не по Авон туку по ГЛС ќе удрите зашто фирмата е подолу од дно. Втор пат слушам дека нечиј пакет изгубиле, е сеа или се крајно неспособни и стварно го изгубиле или некој од ГЛС го украл, трето нема. Исто, те молам кажи и да ги провери опциите како роднина, пријателка, комшика да не некој друг се претставил во нејзино име се потпишал и го земал (иако тоа е против правилата ако дистрибутерот не и побаралична карта). Најдете го дистрибутерот од тој ден во таа локација и барајте го пакетот, негова одговорност е. Нека се јави за се тоа на 02 278 0243 и кога диспечерката ќе проба да ја откачи со "не знам јас тоа, тоа со авон" нека и објасни дека има право и на тужба против ГЛС. Маскарата е предобра, јас сум заљубена во неа
За сува и проблематична кожа дефинитивно не се. За комбинирана се, ама само ако немаш што да покриеш. Не ми текнува која ја имав сега, но се воденести така.
@CirezD го решија проблемот, и пратија нов пакет, на тој стариот немаше потпис од никој дека е земен, едноставно исчезнал. Во новиот пакет фалеа пола работи, се потрошиле додека го средат вториот пакет. Како и да е само нервози.
Лукс не е покривна пудра, ако имате за покривање не ја земајте.Инаку @Kaley го зеде шампонот, еве кога ќе го проба нека пише.И јас сакам да го земам, инаку не можам да сватам, како мрсна коса ке ја направи како миена
@Tinushka јас ја имам користено лукс и не е баш покривна. Јас имам скоро чисто лице (некаде по некое ситно црнко и по некој белек) и ми одговара. Инаку убаво стои на лицето и не изгледа како паштета, добра е за тие пари. @Winter Lady таков сув шампон мислам дека и од Балеа имаат. Демек ако косата ти е мрсна ќе прснеш од шампонот, минуваш со чешалот и да не се познава дека ти е многу мрсна, ете тоа му е намената мислам. ЈАс не сум користела до сега па го порачав искрено од љубопитност, и цената му е океј. Како и да е сабота треба да ми стигне па ќе пишам како сум задоволна.
Општо, Нутра се квалитетна линија креми, покрај составот на кремите, самиот ефект си кажува се. Јас сум корисник на сината линија со ЗФ15 и откако ја пробав од лансирањето, не сум ја сменила и секому ја препорачувам. Конкретно оваа крема е од блескавата линија, што изедначува тен, враќа сјај и свеж изглед на кожата, без разлика на возраста. Имаш некој посебен проблем со кожата на лицето или само сакаш обновувачка свежина?
^Не, немам некој посебен проблем со кожата, едноставно сакам малце да ја освежам Ти благодарам на одговорот
Добра е, подобра е од колор тренд онаа со белото капаче. Не ги лепи трепките, ги оддалечува.Сега оддамна си немам ставено од неа. Еловс, знам дека имаат и од Балеа, ама јас не сум од Скопје, така да, сум немала време да купам. Сакав да кажам дека ми е нелогично, да ја маскира мрснотијата.
@Winter Lady уште од поодамна имав читано дека на плава коса брашно, на кафеава/црна какао да се стави и да се исчешла убаво, демек тоа ја впивало мрснотијата барем малку. Истото и за бебешката пудра. Секако не е еднакво на измиена коса со топла вода и шампон ама барем малку би требало да ја замаскира. Ова мислам дека е нешто слично па незнам ќе видиме.
Ех како брашно ке ставам, хаха леле.Добро што не сум плавуша.Може какао да си ставам за поубав мирис Се шалам.Кога веќе некој ќе се осмели да се замаскира, подобро ке си ја измие косата.За шампонот и јас верувам дека ке е убав. Ние радозналите мора да пробаме, како така
@Winter Lady @eloves и јас исто од љубопитност го порачав сувиот шампон, не беше ни скап па ајде реков да го пробам, досега не сум користела вакви работи И ете денес го употребив и да ви кажам мене не ми се допаѓа, ама баш никаков ефект ми немаше, само убаво што мириса друго ништо. Ајде кога ќе го добиете вие што го имате порачано, пишете. Ме интересира да прочитам и други мислења, дали можеби вас ќе ви се погоди