Дали може да напишете некој збор за ББ кремата на Solutions? Исто ме заинтересира и сунѓерчето за течна пудра добро е или тоа на Орифлејм е подобро?
Го очекувам сунѓерчето, вака на допир само е нијанса поцврсто од тоа на Орифлејм, штом ќе го пробам на лице ќе ти пишам
@eloves Пријатен е многу, имам повеќе мостри дома, ретко го пуштаат по брошурите зошто е прилично одамна изваден како парфем. Мене ми се допаѓа, сега нели во нетото во к02 ќе го има, па во план ми е. Не е тежок, не е ни пренежен, нешто измеѓу, ама пријатно и весело ми мириса
Јас ти пишав погоре, ја имав порано не хидратира само затегнува барем мене освен тоа друго никаков ефект немаше. Мене ми се свиѓаше што после миење ми беше мазно на допир лицето.
Па се мислев да ја нарачам ама ако е само за затегање ,, ништо ,, јас мислев дека освежува и хидратира .. фала многу
1500-3500 денари - 15% 3500-6000 - 20% над 6000 - 25% Условени стално се на 10%, некозметички стално се на 15% без разлика на сума. На нето флаер и фокус (ако си претставник) немаш попуст
Дали некој го користел шампонов и како бил задоволен? Го користам серумот од истава линија и сум задоволна, но сепак се двоумам за шампонов па би сакала да прашам за мислење Фала однапред
Овој сувиот шампон да не се лажете да го порачувате, живи глупости. Освен што остава мирис на косата, кој трае најмногу до два часа, не врши никаква друга функција. Косата дури и помрсна е после прскањето. Штета, баш се издрадував за него. А и да ги пофалам мат кармините, бојата не мрда едни добри 3-4 часа, јади пиј што сакаш прави карминот си стои, добри бои имаат, баш се мат и навистина сум пријатно изненадена.
Ајдее те неκој неκа гп исκρитиκува сувиот шампон, па воопшто да не го но земам. Од мостρите ли зеде Џении ? Јас саκам мостρите да ги земам сите, баρем ρазни бои κе имам.Κаρмин не ми тρеба сега
@Winter Lady земав од мострите да, имав порачано околу 10 а ми стигнаа 5, многу фалат. Инаку си земав една темно виолетова нијанса за мене и една кафена (која додуша повеќе удара на портокалова).
И јас сум придружувам кон негативните критики за сувиот шампон. Го порачав чисто колку да го пробам + не беше скап. Ама навистина за ништо не чини, никаква функција не врши единствено што мириса убаво па мирисот се задржува на косата. Исто така да искористам прилика да го пофалам far away bella susnet, на почетокот ми мирисаше тешко ама по неколку прскања мислам дека ми одговара баш е пријатен и долго траен. И го имам каталог 3 ако некој нешто го интересира нека прашува.
Ако не ти е проблем сликај некои интересни понуди/акции, колку да знаеме предвреме за што да штедеме пари
@rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr не ми е проблем ќе сликам и ќе ставам слики за некое време. Инаку барем за мене има доста интересни понуди.