@Glory12345 ги имам користено сите 3 парфеми и според мене најубав е Luck а нема да зажалиш и ако го порачаш Cherish @SunnyGirl2 јас моментално ги користам и течната и камената пудра од Luxe
^Имам комбинирана кожа и бидејќи немам што многу да покривам мене ми е супер. Моментално ја имам приспособливата и во комбинација со камената пудра многу убав ефект дава. Па доколку немаш некои големи проблеми со кожата би ти ја препорачала ☺
Супер се производите на Luxe, нема да зажалиш ако си ја порачаш пудрата. Цената во К03 е 399 ден, додека пак во К04 цената на пудрата е 329 ден. Позз
Пудрите не се со густа текстура и не се покривни, членката ти пиша ако немаш што да покриеш нарачај си ја, ама ако бараш покривна не е за тебе.
@SunnyGirl2 perfectly nude е името.Бројче не гледам на карминот никаде. Набрзина сликнав не е баш убава слика.А и на усни не ме воодушеви.Ми остава линии и делува како пудра на усните.Не сум баш најзадоволна можеби дека само така го шлакнав на усни без притоа пилинг да направам.
Јас ја користам Лукс пудрата. И искрено за цената и не сум толку задоволна,зошто за истата цена можеш да најдеш во парфимерија многу подобра пудра. Прво премногу има течна текстура и кај мене кога ја нанесувам во пределот околу очите секогаш ми предизивикува иритација на очите. Покривноста и е доволно колку да изедначи тен,а нешто повеќе не. Јас имам пегички и нив ми ги покрива.
А ранците дали им се добри ? Сакам еден да си порачам, ефтини се 600 или 700 беа а и плус интересен дезен имаат.
Мене сувиот шампон ептен ми се погоди требаше да излезам од дома ненадејно, а потоа планирав да се капам... пред да излезам ставив од сувиот како што е наведено во упатството и како тогаш да сум ја измила косата а и многу убаво ми мириса