Мене не ми е добра. Јас ја земав божем за Т-зоната, ама и кога го нанесам одма светнувам, посебно на носот. Мене не ми одговараше, ако сакаш пробај, види може кај секој различно.
Јас ја купив кремата за отстранување влакна за бикини зоната летото и беше океј. Не може да се спореди со депилација и влакната најобично ќе ти растат, затоа што сепак си ги пресекла, не си ги отстранила од корен, но е подобра од брич затоа што влакната не растат толку цврсти и не можеш да се пресечеш или нешто слично. Јас креми употребувам долго време, и за под пазуви, па доколку не си употребувала никогаш досега, прво нанеси мала количина на кожата и отстрани ја по неколку минути за да видиш дали ќе ти се иритира. Јас сум немала ваков проблем со Skin So Soft, но секој има различна кожа
Убаво мириса оваа колекција ? Си порачав спрејче од оваа колекција, ама не можев да го мириснам на каталогот.
Значи имам едно прашање за новиот каталог на авон, сега што излезе. На 88-89 страна, има лакови и сјаеви и спомнато е дека 1 е 249 ден., а 2 за 319 ден. Е сеа не ми е јасно мора да искомбинираш лак и сјај, или можеш два сјаја да си искомбинираш за таа понуда или пак два лака?
да имам нарачувано од авон многу работи и сум задоволна најесто порачувам спејови за тело , сјај за усни , лакови за нокти и пудраа.
Овие ако не се лажам ги имаше пред некои си 7-8 години инаку мене ова второво прекрасно ми мирисаше. Така свежо ми делуваше
Како сте задоволни од турпиите на Авон? Квалитетни ли се, вредат ли за цената? И по можност, да ми препорачате некоја, под услов ако веќе ви е испробана, а не од рекла-казала.