Барам помош од претставниците и поупатените корисници на Авон производите Барам еден од оние лакови за нега на ноктите, т.е. мислам дека овој беше потпишан како „маслен зацврстувач“. Значи не е лак, туку баш како масло. Презадоволна сум од него, ама веќе ми е при крај, а не можам да го најдам Листам дома низ каталозите и или јас сум слепа, или му ја смениле амбалажата, или веќе го нема Help?
Вие што сте зачлените во Авон дали вие имате некој профит од тие нарачки или не? *Прашањево не е за тука ама мислам дека само овде ќе добијаам конкретен одговор
Јас ќе ја нарачам. Се надевам е добра, четкичката ми изгледа привлечно. Во овој каталог 03 не нарачав ништо. Се премислив за сенките имам премногу. Но во каталог 04 шаблоните и маскарата ми се на список.
https://www.google.com/imgres?imgur...d=0ahUKEwif5bv0j4HLAhVJWSwKHYViDTQQMwgkKAgwCA или портокаловиот ? Овој синиот сум го имала,и не ми се допаѓаше. Баш ќе проверам сега во каталогот.
@AnaKarenina јас го користам тоа масло за нокти, знам за кое зборуваш. Ама го нема веќе во каталозите Баш еве сега проверив и во тековниот и во наредниот каталог го нема.. Или е повлечено скрос од продажба, или привремено го нема..
Каде да им пишам да го вратат? Многу ми се погоди, ми ги зајакнува ноктите, а ми се свиѓа што не е лак па да се прават слоеви, туку си упива. И кутикулите ги мачкам со него, и ноктите одоздола. Се надевам привремено го повлекле
@AnaKarenina Да, ептен е добро маслото! Јас од кога излезе првпат го користам. Патем, мислам дека сигурно ќе излезе некое ново масло како тоа. Како што и по обичај они си прават така, ќе повлечат еден производ, и после некое време ќе направат сличен или ист на него само друга амбалажа.. па ај да се понадеваме на тоа Јас сега за замена, си го користам тоа како кремче за кутикули што е.. Па не е лошо
^ Привремена понуда е маслото, на ониe 65% понуди, со порачка на било што, го враќаат 4-5 пати годишно. Штом ќе го начекате, опремувајте се со залихи
@eloves Ај ти го имаш К05 па кажи и на Ана, да не тагува дали го има. Патем кога сум тука да си кажам вчера ми стигнаа моите порачки.Црната маска, 5 мостри од кармините само се разочарав што бери бласт не ми стигна.Најубава боја ми имаше, четката за руменило е толку мека, прекрасна, а онаа за течна пудра е потвра малку нормално да може да се размачкува.Е сега не сум ги пробала, ама вака ептен добри ми се видоа.Штета што таа за сенка не била достапна. Геловите за туширање Garden of eden - тој добро мириса, ама сепа оној зелениот цитрусниот подобар ми е. Oriental Sanctuary - да се каже ок е мирисот ама само ок, не е ништо посебно Indian Rituals - Овој ќе ви кажам при првото мирисање си викам поубав мириса од оној портокаловиот, ама вторпат кога мириснав луѓе катастрофа.Го знаете овој сируп колку тешко мириса.Незнам на вас но јас како дете, не го поднесував.Овој гел има тотално ист мирис како овој сируп.Луѓе ми се згади, мислам ќе повратев.Мириснете го во каталогот и кажете вас како ви мириса, јас незнам како ќе го користам.Или само нозете ќе ги туширам со него.Подалеку од нос.
@AnaKarenina, побарај такво на Аура, се’ си мислам дека имаше порано исто. Ќе разбарам после низ фиока да се уверам.
Фала @LivingGlam баш се мислев дали има по парфимерииве нешто слично од други марки, обавезно ќе го побарам
Викенд торбата Delaney ја имал некој ? И часовникот Laura ? Ми се допаднаа и сецкото од мини брошурата, и хеланките и тавата.Ако сте пробале кажете.Ааа да и жолтата чанта ептен мерак ми фати. Инаку за овој сируп мислев.Дека мириса гелот
Некоја членка имаше пишано за карминот au naturale дека не и се допаѓал, мене баш ми се допадна бојата. Искрено незнам дали сте приметиле ама опаковката на овие карминчиња е поразлична од другите. Бојата на карминчето-мостра исто ми се допаѓа, ги немам пробано вака на око ми се бендисаат. А четката ми е прекрасна, на допир е нежна и мека, веројатно и ќе си ја врши работата како што треба.