Не ми треба за покривност.Имам пеги и неколку мозолчиња али не паѓам во депресии ако ми се гледаат.Ми треба само да ми даде сјај на лицето,да ми биде помазно и бело бидејки повеќе од времето сум со црвени образи хаха.
Девојки ај ако не ви е мака сликнете и прикачете нешто од 4ката Инаку да ви кажам дека си порачав моливче за уста и искрено сум изненадена колку е добро и колкава долготрајност има, ич не се двоумете за 119 денари се прекрасни Туку се двоумам за маскарата нова за од 4ката незнам колку е а од црната на БигДаринг сум ептен задоволна се надевам оваа не е нешто подолу...
Кремата за раце и лабелото што можеа да се порачаат само ако нарачаш нешто од каталогчето,за 130 денари испаѓаа двете мислам дека знааете за кој зборувам колку сте задоволни од нив?
Од моето искуство на креми и лабела од Авон ќе ти кажам дека се добри, лабелата ја омекнуваат устата, кремите за раце се добри, сум користела повеќе врсти од тие моментално го имам со какао, ем преубо мириса ем за рацете ми е многу убав. Ова е ваљда нова колекција али порачај ги преевтини се
@makgirl Ти пишав дека е ваљда нова колекција, не сум ја користела, ама сум ги користела скоро сите други креми за раце би требало и овај да е добар
Искрено да ти кажам незнам дали е нова јас немам користено креми за раце од авон ова ми е прв пат. Фала ти
Нова е колекцијата. У глобала сите креми за раце се слични, само мала разлика има во однос на мирисот и мрснотијата. Би требало да е убава.
Јас ги порачав патиките од мини брошурата,две моливчиња од 69денари и кармин исто од 69 и фиксаторот,карминот само не ми стигна,ќе стигне овој четврток. Инаку денес ја нарачав и кремава https://www.google.com/imgres?imgur...d=0ahUKEwjc5frirobLAhXoa5oKHRrTDuMQMwhLKCMwIw ми делува привлечно,нешто слично како бб крем па ќе видиме..сакав да ја порачам заедно со другиве работи ама се премислував а и веќе сумата ми беше голема па ја остаив за покасно.
Патиките посрцки не можат да бидат и јас си ги земав и веќе ги носам, двете патики заедно тежат 250 грама супер лесни се и комотни, презадоволна сум јас и бојата многу ми е по мерак