Мишелке јас ја имам оваа од сликата и е жива катастрофа двапати дали ја употребив и ја фрлив се излупи цела она доле што е додатокот се скрши не само на мене и на сестра ми и на мајка ми.Никој не е задоволен од неа.не ти ја препорачувам...
Имаше една зеленкаста, ко стаклена, демек ги заштитува ноктите од луштење, листање - како и да го наречам. Ме интересираше и за таа, ама како што ми изгледа, ќе си купам обична од два-триесет денари.
Мене искрено не ми се допаѓаат многу работи од Авон. Пудрите се како паштета, лаковите катастрофа, туш за очи катастрофа.Општо земено, катастрофалност.
Јас ти ја препорачувам на Solingen за 50 денари е прубава има две страни за турпање може година ја користам задолна сум.Побарај во поголемите маркети или парфимерии ке ја најдеш.
И јас ја имама оваа и навистина не е добра. Сега земав една округла, со нешто зелено и од таа сум многу задоволна.
Јас сум многу задоволна од овој серум за коса со арганово масло. Прво бев скептична дали да го земам, мислев да не ја мрси косата, но сега воопшто не се каам што го купив. Размачкувам 1-2 капки од серумот на рацете и поминувам со нив низ косата се’ додека не се потроши целото масло. Јас ставам на влажна коса (пишува дека може и на сува, но немам пробано). После тоа косата ми е супер, многу убаво мириса, воопшто не ми се плетка и многу лесно се расчешлува, што се вели нема потреба од чешел. Препорачувам.
Не знам дали можам овде да прашам за модни додатоци од Avon,конкретно ме интеесира дали некој ја има чантата Finella.од мини каталогот,ајде ако некој ја има порачано или ја видел како изгледа да ми пише,често пати знаат работите да бидат различни во живо,фала ви однапред,уште ова,изгледа како голема корпа,светло кафеава боја,карамел поточно
Јас ја имам пробано убава е не велам не али не е ништо посебно,кога веке сакаш бб крема поарно купи си ја на гарниер сто пати е поубава од оваа...
За мене спа-кремата од лотус на Авон е најдобро нешто што сум ставила на тело, прекрасно мирија, ја прави кожата нежна и мека и на лето кога ќе ставам од неа, по цело тело, не ставам парфем за да не го нарушам убавиот мирис. И многу ме прашале кој парфем си го ставила, а тоа е само крема за тело. Многу убаво мириса.
Здраво женски!дали некоја од вас ја има користено extra lasting пудрата?гледам оди со уште еден производ за 500 денари.
Добар ли е овој зацврстувач ? Плус, ме интересира каков ефект остава на ноктот - како најобичните безбојни лакови или дава малку гел ефект ?
Па и јас го порачав само не знам каков е,се надевам е добар,го имав синиот зацврстувач и беше ок,ако го има некој пробано може да ми каже дали е добар?
супер е јас го имам , ми ги зацврсти ноктите пред тоа многу ми се кршеа лом ми беа сега ми ги среди ова по цврсти ми се
Дааа двете ги имав, ах кај ти текна ме потсети на прекрасни времиња Anew кремовите прекрасни се, јас го користам 20+ и мојата кожа е комбинирана а овој многу добро ми легна
Последните производи кои ги нарачав од Авон многу ме разочараја. не вредеа ни 10% од парие што ги дадов. Лосионот ми беше многу претечен, како вода, сјајот за усни беше водест, маслото за тело немаше врска од масло, и една маска за лице имав, која немаше ефект, како ништо да не сум ставила. Парфемите им се држат, има убави и потрајни, иако сум погодила и некој кој брзо ветрее. Пудрите се каливи, не се ништо посебни. Имаат и производи кои навистина се супер, ама има и многу производи кои навистина не се покажале воопшто.