Одамна ме немало во темата, сега добив малку инспирација да ги напишам моите впечатоци од изминативе каталози. Од К01 ја земав кремата за околу очи што беше намалена на 179 денари Спојлер , претставничката ми ја порача по таа цена иако го немав исполнето условот од претходниот каталог. Еве, ја користам оттогаш, значи повеќе од месец и немам некое воодушевувачко искуство, веројатно имав поголеми очекувања бидејќи сепак е од линија Anew меѓутоа околуочната област ми е иста, да не речам и полоша од претходно. Се надевам дека откако ќе помине некое време ќе се видат вистинските бенефити од кремата, уште одбивам да ја отпишам целосно. Водата од роза ја корисатам како тоник, ми дава пријатно чувство, ама реално се може и без неа, не е нешто незаменливо што мора да се има. Кремата за раце од чоколадо Спојлер според мене е тотално промашување, сега гледам во К05 ќе биде 59 денари, ма и без пари да ми ја даваат веќе не ја користам. Точно, имам сува кожа, ама нанесувам по неколку пати крема во текот на денот, и кога видов дека во делот меѓу прстите кожата почнала да ми се лупи, исто и во внатрешноста на дланките, сфатив колку навистина има “негувачка“ моќ. Нанесов крема од Орифлејм Спојлер која патем и преубаво мириса, а викендот оваа ми беше при рака Спојлер и перутањето ми го снема. Од кремата за стапала од чоколадо и калинка сум задоволна, Спојлер преубаво мириса и ми ги прави нежни стапалата, сега гледав и пилингот ќе биде намален, па може да си го земам и него. Ми стигнаа и сите мостри од мат кармините освен Splendidly Fruschia. Текстурата е навистина преубава, многу покремаста и понегувачка од мат линијата на Голден Роуз, ама не се заљубив во некоја нијанса посебно. Има доста убави црвени нијанси, корални и шеќерно розе, меѓутоа не пронајдов нешто mauve, а баш имав мерак да си порачам мат кармин. На крај останав само со мострите. Од К02 не порачав ништо, сакав да го земам Luck, меѓутоа во меѓувреме го добив на подарок Femme кој не е лош парфем и ме изненади и со трајноста, па решив да не порачувам само работи колку да се каже. Од К03 порачав од лабелцата од последната страница што се по 49 денари Спојлер и ви препорачувам да си земете по неколку, навистина ги негуваат усните и не оставаат никаква боја, што мене лично ми се допаѓа. Го земав и лосионот со светки од истата линија Спојлер , но го немам тестирано доволно за да пишам импресии, нанесов само на подлактицата и ми се допадна мирисот. Светките беа дискретни, во сребрена боја и на дневна светлина речиси и да не се познаваа. За негата не можам да кажам се уште. Ми стигнаа и обетките, го порачав сребрениот сет и се израдував кога видов дека во К04 ќе има комплет ланче со 7 привезоци од сребрената линија, што значи ќе можам да се комплетирам. Имајте во предвид вие што ќе правите порачка утре дека обетките се многу мали, сликите што ги има по нетот од нив создаваат слика дека се поголеми. Посебно последните два пара комплетно би одговарале на некое мало девојченце, да не речам бебе. Сепак слатки се, се надевам дека нема бргу да позеленат или да добијат некоја друга несоодветна боја. Досега се немав осудено да порачам накит од Авон токму поради поделените мислења, некои се фалат ептен, други одат во друга крајност- на големо незадоволство, меѓутоа за 240 денари решив да пробам. Сега се фатив на мамецот па ќе продолжам и со ланчето кое мислам дека беше 449 денари. Ги имам и К04 и К05, па доколку имате некое дополнително прашање што претходно не го одговориле феминките претставнички кои несебично споделуваат слики од каталозите и понудите- тогаш слободно прашајте ме. Го имам и фокусот за К04 и се двоумам дали да ги земам кремите Anew кои што се намалени по 250 денари, дневна и ноќна, не знам дали да ги пробам, или да си земам дневна и ноќна од Балеа. Имам комбинирана накај мрсна кожа, ама периодов ја осеќам ептен како ненавлажнета, не знам како да се изразам, надворешно е мрсна, а ја осеќам посно. Спојлер Планирам да ги земам и гелот за миење лице од бел чај, ќе биде намален на 169 денари, а по истата цена ќе бидат и маската за лице и пилингот. Планирам да го порачам и пилингот, маска за лице Planet Spa добив исто така на подарок, од линијата со шеа путер, ама мислам дека повеќе би одговарала на сува кожа, мене не ми одговара. Е сега околу пилингот, сакам некој со поголеми гранули, овој не знам каков е, а плус видов во К05 ќе го има тој од линијата Мртво море што планирав уште пред неколку каталози да го порачувам, т.е. не ми стигна. Сега ќе биде 159 денари. По истата цена ќе бидат и маската со арганово масло, од мртво море и од женшен. Се мислам сега кој пилинг да го земам, дали тој од бел чај, мртво море, или ензимски од женшен. Ме буни ова ензимски. Ако некоја знае што е разликата помеѓу обичен и ензимски пилинг би била многу благодарна доколку ми објасни. И мислам дека ќе финиширам, доволно беше, осеќам дека ја надминав и @Doozy со должината на постот, меѓутоа јас за разлика од неа нема да ги честам кафе тие што го прочитаа ова, туку јас сега ќе си се почестам во овие касни часови со едно топло пециво- огладнев пишувајќи го постот.
@sesilija Колку се четрибојните сенки во К5? Исто и Celebre тоалетната вода во К5 дали ја има и колку е?
@sesilija дали ќе сакаш да го сликаш ланчето од К4. И jaс ги имам нарачано обетките ама уште ми немаат стасано
Да, да, само што тргнав да го постирам линкот за Амбрела http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/eBrochure.page?index=1&cmpgnYrNr=201604 @Umbrella22 оди на 65та страница за да видиш.
Да, пилингот мн ми се допага, се лупи, и многу ја осве ува κпжата.Дава неκоја енеρгија.Пρепоρачувам.И κожата не е толκу мρсна.Јас немам мρсна κожа, ептен ρетκо па κоρистам масκи и сл. повеќе κога ми се измρсува.
Јас само што го разгледав К4 и ништо не ме бендиса освен ланчето. Знам дека и @kala21 го чекаше каталогот па Каличке еве ти, конечно http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/eBrochure.page?index=1&cmpgnYrNr=201604
Девојки едно прашање за К3. Понудата на страна 108-109, 2 за 349, дали се однесува на различни производи или пак може и исти?? Секогаш пишува со мали букви (исти или различни) но, овој пат не пишува...
Ланчето е преубаво Koe e името на палетава со сенки? Ако не е проблем ќе можеш да сликаш како стојат нијансите? Фала
@duffi Не мила, оваа не сум ја видела, општо од ташните јас сум задоволна, со години ги носам, во 95% од случаите вредат за парите.
Не можев да му одолеам на сенкиве. Иии две карминчиња беа достапни Од сл. имам план да нарачам шаблони (ептен му се радувам мислам дека ќе вредат за 180 ден),маскара,очила. Може ќе присакам уште нешто.