Јас ја видов. Мене искрено не ми остави впечаток, мислев дека е малце покрут материјалот ама не е. Некако ептен е лита и не изгледа вака гламурозно како на сликата. Јас сакав да ја земам ама се предомислив. Едит: инаку и јас сум задоволна и од ташните и од накитите на Авон. Се што сум зела се покажало многу квалитетно.
Е баш од тоа се плашев да не е млитав материјал. Не дека барам кожа за таа цена, но не е па ни нешто ефтина. Фала ти. Сепак ќе размислам.
Е тој е точниот израз....млитав материјал Размисли си, ако имаш можност отиди и до зоналната канцеларија ја имаат таму и може да се види.
Ај некој нека постави слики нешто на попуст шо има во 4ката И да биди добар да ми кажи колку е новата маскара И да ве прашам зошто од таблет не ми го отвора каталогот ова ми го вади, а лаптоп моментално немам сакам да го видам каталогот Да не знај некој до шо е проблемот?
Ади ,ни мене не ми отвара (од телефон пробав).Претходно прочитав дека и на други феминки не им се отварал каталогот (поправете ме ако грешам).Можеби е до нив,имаат некој проблем.
Мене одамна не ми го отвора ни од таблет ни од телефон, јас мислев да не немам нешто инсталирано али и јас видов баш сега дека и на другите феминки не им го отвора. Ништо ќе си почекам до утре во живо да го видам
Немам андроид таблет за да знам дали ќе успее, ама прочитајте овде што може да направите, можеби ќе се реши проблемот.
@duffi Ако доаѓаш накај Скопје до 8 март помини во Горица трејд мене ми се допаѓаат нивните чанти,на попуст се 1 600-1 800 ден.се извинувам за офф топик
Вчера бев. Баш штета што незнаев Фала ти сепак. Најверојатно нема да ја порачам, се предомислувам. За млитав материјал не би да давам толку пари.
А таа кремастата на 23 страна ја виде ? Според моето досегашно искуство сигурно е квалитетна многу а и убава и не е со млитав материјал.
Ми се допаѓа и таа, сега ја забележувам. И навистина поквалитетни изгледа. Фала ти. Изгледа на неа ќе падне изборот.
@Adi888 @Feminka22 девојки, немате flash player инсталирано или пак модулот кој го поддржува вашата платформа на тел/таблет, инсталирајте и ќе ви отвара без проблем
Да прашам за коректорот од колортренд, дали некој го има користено и каков е? Имам еден течен ама ко ставам повеќе од очигледно е дека сум ставила, сакам некој со средна покривност, овој од колортренд ми се виде добар ама сепак да си прашам, а и цената му е пристојна.
Моја блиска не е задоволна од коректорот, и јас многу го мислев, ама воден е и не прекрива ништо.Исто да каќам некни после толку време ставив од Лукс пудрата, да ја помешам со Мејбилајнот многу темна ја купив, и сега ја мешам со други пудри.И што да кажам исто ко вода да мачкаш, водна, линии остава.Катастрофа, веќе нема шанс да купам пудра од Авон.Можеби само онаа бејзбојната, или бб крем. Инаку задоволна сум од четките за течна пудра и руменило, само онаа од течна пудра со што ја миете.Ич не излегува, и мрсна е многу од пудрата. Инаку да кажам веќе не давам на друг каталог додека јас не го разгледам убаво и да си порачам, веќе по втор пат чекам да го разгледат со денови каталогот и он до 29 важел и пак ги пропуштив евтините кармини, сакав и моливче, плус планирав да порачувам чанта, часовник и други работи. Го немам гледано К04, што ќе порачате ?