Коректорот на колортренд не е течен, во форма на кармин е. Доколку бараш @eloves нешто со средна покривност тогаш одбери ја медиум нијанса, покрива но не е очигледен дека го носиш, јас ја користев лајт варијантата но сепак ја откажав зошто мене течен коректор многу повеќе ми одговара
Baram mala pomos devojki dali bi mmozelo ova za podaarok za 8 mart? Vie sto bi dodale/ odzemale? Sto bi smenile i so sto,pedloze te mi neso
Девојки јас си го порачав спрејот за против горење на косата, ми се виде евтин за 169 денари, одамна го чекав да се намали, маскарата ми беше скапа и ја оставив за другиот каталог. Е сега ај споделете искуства кој е како задоволен и кажете ми како се користи дали на влажна или на сува коса пред пеглање или сушење со фен?
Лабелото со кремот за раце едно, второ лосионот со шампонот, трето гелот за туширање со спрејчето, и ова со јаболко само ионака мала пажња е 8 март
Јас го порачав за 70 мислам пред неколку кампањи. Инаку го користам најмногу дека мириса ептен убаво. Го прскам на мокра коса, па фенирам. Го прскам и на сува некогаш пред пеглање. Значи го користам секогаш пред да ја третирам косата. А не ми се покажал нешто многу ефикасен како што пишува. Свеж и убав мирис се на се. За цената по која го земав ок е.
Јас ја порачав новата маскара. Ја пробал некој пред мене, да сподели инпресии? За новиот парфем Dreams имам само пофалби. Прекрасен сладок мирис, не многу јак но не и претерано нежен.
Луѓе, каков е тој фокус? Каде да го најдам за да го разгледам? Што сум информирана, леле. Се заинтересирав за кремовите Ању хидро што ги постирала Сесилија по 250 ден.
Јас не сум зачленета, меѓутоа претставничката ми прави услуга доколку нешто сакам, а таа не го порачува за неа- да ми го порача мене. Можеш и ти така да ја замолиш. Го има и онлајн ако сакаш да го разгледаш, ама ќе треба линкот да ти го прати некоја од феминките што е зачленета, мене мислам @eloves ми има праќано линк овде во темата. Јас уште не сум ги порачала, гледам во ДМ има до 30% попуст на голем број на креми за лице, па веројатно ќе ги пробам овие Спојлер и онака одамна ми се на листа за пробување.
Оф, абе колку ми мати сметки тој ДМ мене што ми е далеку. Бар да го имаше во некој поблизок град кога веќе го нема во мојов, ама не, дури Ск e најблиската дестинација. А си имам крем на Алверде што ми е добар... Јас и пишав на претставничката, па ќе видиме што ќе ми врати. Проблемот е што и таа порачува преку друга личност и мешаница е работава скроз. Ама ако бидува бидува, ако не ќе намерачам нешто друго. Геровитал ми се мота долго низ глава... Фала @sesilija.
@sesilija За што се наменети овие креми и која цена се отприлика? Само што ги купив тие со краставица и алое од Балеа, ама кога веќе има попуст да се потроши пак некој денар
Дали сте ги користеле овие кармини? Сакам да го купам pastel rose со надеж дека е сличен на голден роуз 99, а со подобра формула.
@Elence93 јас имам пробано мостри од frozen rose и iced coffee и добри се не ги сушат усните. Е сега мене нежнички ми се тие бои дека темен тен имам па исто ко да не сум ставила кармин. Ако имаш светла кожа ич не мисли се а и евтини се.
Конечно ми стасаа кармините а обетките не стасале си викам епа ко чекаш 5 до 12 да напраиш порачка, нормално нема да стасаат
http://www.avoncosmetics.com.mk/REPSuite/static/campaign/C03/panorama_C04.pdf повели линк. Инаку фокусот е бесплатно списание што му стасува на секој претставник што праќа порачки. Внатре најчесто има некои нови намалени понуди тоест со почетни цени, или веќе постоечки понуди со пониска цена со цел за поголема заработка за самите претставнички. Инаку јас не правам порачки од фокусот (освен за мајка ми и брат ми), иако некогаш знам да си нарачам по нешто за мене. А ако сте блиски со претставничката да ти нарача или не нарачува за нејзе некој производ може да ти го нарача тебе.
Да не ме мислите ќе бидне кремата, ќе ми ја порачаат. Ќе се фалам/жалам кога ќе ја потестирам некое време. Некој ако полесно се наc'cкува од мене, еве на. Од новиот каталог ја пoрачав и сината тоалетна вода на последната страна Summer white, ептен за Џ се стварно а jа имам користено портокаловата и беше супер трајна. Оваа ја има користено некоја да ми каже искуство? Видов јасмин во составот, затоа се залетав најмногу. Друго ништо, се сопрев на тоа некако.
Јас го имам синиот и мене ми е ок, многу е нежен и свеж, мириса на чисто, баш како за пролет, лето, а и како за тоалетна вода е солидно траен. И јас ќе го нарачам сега пак, иако се мислев и за портокаловиот и зелениот но ги немам мириснато.Тие какви се?
Портокаловиот мене ми беше многу убав и доста е траен, се осеќа ептен. Има некој слаткаст мирис, не некој тежок сладок туку баш пријатен ми е мене. За зелениот не знам.