Воопшто не е во ред што ставате вакви работи на темата, фокусот е само за представниците и на производите кои се во него нема никаков попуст а на ниту еден представник не му се исплаќа да нема никаква заработка од производ.
И јас се согласувам тука. Преку фокусот може да се направат доста добри зделки а вака јавно кога секој може да го погледне не би било прифатливо. Нема смисла, не е ферски да се објавува така јавно. Кој знаел, знаел, не мора стално секој да го погледне фокусот. Некогаш кога нема добри понуди и кога не сум заинтересирана за ништо им го давам на купувачите, ама тоа ретко се случува.
А зошто мислите дека претставничките не ни дават да гледаме фокусот. Мојата редовно ми го дава. Па и онака правам порачки скоро секој месец. Можеби не го дава на сите , ама на блиски да. Секој има по некој преку кој може да го види. Ама ако сакате да не го поставуваат на темата. Мене не ми менува ништо. Знаеме дека си имата заработка нормално. Не мислам дека работите за лепе очи.
Зошто гледате толку краткорочно? Па секако нема многу работи во фокусот, тоа се неколку страници наспроти постоечкиот каталог. Еве сега пример и излегла во пресрет претставничката на Ејми, така ќе створи еден поцврст однос со неа и Ејми ќе продолжи да порачува од неа, дури и повеќе. Имав таква другарка, стално само ќар и се гледаше, знам еднаш имаше добиено огледалце гратис самата кажа дека и е гратис, а имаше веќе две, и сакав да го купам едното, се чудеше колку да ми го наплати, а и имав претходно правено во секој каталог ако не 1000 денари тогаш под 500-600 никогаш не бев. И што направи со тие 60 денари или колку што ми ги зема, побогата да не стана? Немојте така, некогаш треба да дадеш за да ти се врати неколкукратно. Штом не порачувате нешто за вас, што ако некој го порача за него? Порачувајќи го тоа, ќе си земе и нешто друго од каталогот, пак ќе имате заработка, без гајле. А сите сме свесни дека има набавни и продажни цени, не е тоа некоја мистерија, па да не се зборува за тоа,
На блиските фокусот им го давам, членовите на семејството поточно. Не го давам на оние претстаници што гледаат да порачаат најефтини производи без да си го исполнат условот. Не ме прашуваат дали може/нема да одбијам ако имам исполнето услов/ туку се прават наудрени дека не читаат. Често се случува јас да порачувам производи за мене кој не ми се неопходни месецот за некого што не си го исполнил условот. За корист од 9 денари на производ со цена од 109 и слично. Автобусот не ми се исплати. А многу има такви. На тој корисник ми е мака да му дадам фокус бе. А и нема толку добри понуди па да се паѓа на газ. Порано во фокусот производите наводно по набавни цени, а беа поскапи од каталогот кога излегуваа за прв пат. На пример гелот за целулит е навистина ефтин во фокусот, но парфемите Батерфлај и др.машки по 499 не се баш ефтини. Јас овој каталог решив ова да се почастам:
Секој претставник работи за свој ќар, дали некој некому ќе покаже фокус е негово лично право. Од една страна секој треба да е паметен и да ги искористи тие понуди за да ќари повеќе, од друга страна на редовни клиенти треба да им се подари нешто/покаже некоја понуда затоа што тие заслужиле за тоа. Иако, има сериозно дебилни ликови со муабетот "па мене претставничката не ми дава", епа нејзино е дали ќе ти даде и уште побитно дали си заслужил, а ако сакаш да користиш се како и таа, зачлени си се и мирна глава секому. Не е коректно да бара фокус и попусти и слично, а нарачките му се 169 денари, епа извини. И да, кој кому сака нека му го даде, ама се сложувам дека е тапа тука да ги вртите зошто некому скратувате заработка или допринесувате за губење на клиент.
Која течна пудра е подобра според вас- ideal flawless invisible coverage foundation или extra lasting liquid face foundation? Се мислам која да ја порачам во К4. или
ideal flawless, иако двете се прикладни за својата цена, extra lasting ја продавам често, задоволни се од неа но сепаг гласам за ideal
И онака фокусот си стои на страната на Авон, па може да го види кој сака. Девојката си праша, јас и одговорив, И не можеш ти да знаеш кој каков претставник е и колку заработка има. Знам за претставници кои прават навистина големи порачки, праќаат по 2 пати во месецот и не верувам дека на некој таков би му било проблем за еден или два производи во фокусот. Освен тоа во фокусот нема којзнае колку ефтини или добри работи, ем не верувам дека некој би се брукал за 20/30 денари, зошто најчесто и таква е разликата во цените, меѓу фокусот и идниот каталог.
Бидејќи многу нарачувам си решив да се зачленам па од првата моја кампања си се пичастив Спојлер: Слика
Ова е исто како да одиш во Рамстор и им побараш факутра на секој производ и им речиш по таа цена да ти го наплатат зошто секоја недела оставаш по минимум 500-600 денари на каса.
Во врска со фокусот: Јас порачувам Авон преку другарка, ми го дава фокусот да го разгледам но досега немам порачано ништо од таму. Минатиот фокус страшно многу ми се допадна ташната со ефект на крокодилска кожа и да бидеме реални, разликата меѓу цената во фокусот и таа во каталогот не беше воопшто занемарлива-1000 наспроти 1800 ден! Периодов и 1000 ми се многу за ташна а камоли 1800. Ја замолив дали ќе може да ми ја порача ако не ја зема за себе, се согласи без проблем. На крај ја видов ташната во живо, не ми се допадна и не ја порачав. Муабетот ми е- и јас и таа добро знаеме колку пари имам досега оставено кај неа и доколку одбиеше да ми излезе во пресрет за ташната, немаше да се карам со неа и да расипувам долгогодишно другарство за 800 ден туку едноставно ќе се префрлев кај друга претставничка. Дали е должна да ми ја порача ташната за поевтино само зошто две години редовно порачувам преку неа? Не е, нејзино право е дали ќе сака да ми направи услуга. Но, самото сознание дека сакаше да ми излезе во пресрет направи да ја ценам повеќе како претставничка, односно, со таа нејзина постапка мене како потрошувач уште поцврсто ме „врза“ за неа. ***** @Ashling, ама и Рамстор за редовните купувачи издаде клуб картица за собирање поени
Ги има пак? Понапред пишаа дека ги нема во новиот каталог, а прошлиот ги порачав но ги немаше на залиха.
Stvarno neznam za kaj nas ,neka pise nekoja feminka sto e po upatena,jas nesum vo mk ,poracuvam od ovdesniot avon.