Да, мене ми се супер, светлината ја одбиваат, а убави ми се и прикладни и за во парк на тренерки и за подотерана комбинација
Vekje nisto ta fokusot Mene kade sto naracuvam mi dava fokus i katalozi ( segasen i nareden)) i popust na proizvodi ja katalozite fokusot neto ponuda demo ponuda se mi dava ja naracuvam ja davam na prijatelki rodnini drugarki site naracuvam zadovolni sme itaka funkcionirame
Нели денес требаше да има достава од АВОН? Ниту ми се јавија, ниту ништо. На грижа за корисници никој не креваше. Доби некој пакет денес? Што да правам? (порачката ја направив на 03.03.2016 и во состојба на порачката имаат внесено дека е испорачано)
Дали можете да споделите искуство со шарените перли, каков сјај даваат, ефект и слично, а може и слика, односно пример, ако некој ги користел
Јас го земав пакетот пред 2 часа. Цел ден се пренервирав. Јас сум од Охрид ги чекавме кон 12 така ни кажа координаторката и ништо. Координаторката моја исто така ми кажа дека директорот за логистика дал отказ,колку е точно незнам,може ме излажа. Низ цела мк имало проблеми со глопко. Шаблонивее ептен си ги сакам и за другарка за поклон нарачав а и ланчево не е лошо.
^ Не те излажала, имаат некој проблем неспособните од ГЛС Глобко, па за нивни ствари трпи цела Avon компанија и сите претставници.
За преку ден се совршени, даваат делумна боја, не силна, благо и нежно. И за навечер се океј ако не сакаш кафени нијанси Сјај имаат ептен дискретен па можеби и само 1% што мене уште повеќе ми се допаѓа и најбитното, нанеси ги на јаболчници, од очи до чело и на коските на вилицата и одма ќе направат промена во рамномерност
Dali nekoja od vas go koristela sprejot za ispravuvanje na kosa dali se nanesuva na vlazna ili suva kosa . I dali e efikasen
Само за претставници беше тоа, мотивациска програма, го нема во продажба Освен ако нели некоја претставничка не си го продава своето
Здраво дечки дали некоја од вас сака да стане член на авон на подарок ќе добие парфем, luxe пудра, кармин и римел. И постојано има подароци.. и плус добра заработка? Повеќе информации во инбокс.
Спојлер: Околу фокусот Ве прочитав и двете страни за муабетот за фокусот, и се сложувам дека има секакви неодговорни луѓе и на двете страни, и кај клиентите и кај претставниците. Јас си кажав од моја гледна точка, дека во денешно време кога сме опкружени со секакви информации, фокусот ќе стаса до нас, на овој или на оној начин. Па овде гледаме полски каталози веќе за месец мај што се вели, па што останало ред за еден фокус. Тие клиенти што порачуваат едно, две нешта на крај од каталогот и некои минимални суми секако не се ни заинтересирани за некоја информација плус. Верувам повеќето што редовно порачуваат си имаат некој одреден лимит на пари што би ги дале за една кампања, па секако ако евентуално видат нешто поволно од фокусот (потенцирам, а претходно претставничката им рекла дека нема да го порачува производот за неа и се согласува да им го порача) тие средства што им се планирани пак ќе ги дадат за нешто друго, нема претставникот да биде во загуба. Имам и јас забележано, разликата најчесто не е голема 20-30 денари, и никогаш не би порачувала од таа причина- знам кога ја замолив претставничката за четката за туш бидејќи не ми се чекаше, бев спремна да ја платам разликата во цена, не ми беше целта да заштедам, туку побрзо да ја добијам четката. Мене претставничката порано ми ја даваше и нето понудата за претставници, ама бидејќи доста од производите не стасуваа, веќе не ја ни земам. Значи, муабетот беше дека секој треба да добие однос соодветен на неговото однесување, дека сите треба да имаме осет, да не ни се гледа само ќар и на едните и на другите. Јас не земам по набавна цена, не ми е тоа целта, доволно ми е што претставничката ми дава неповратни каталози, што праќа редовно порачки па ризикот дека нема да ми стасаат производите не е ист како кај оние претсавници што го чекаат последниот четврток или понеделник. Мене ми е повеќе важен гестот, сакам да се чувствувам ценето како потрошувач. Не се сметам за кралица ако правам порачка од минимум 500 денари, ама секој клиент е важен, а редовните треба уште повеќе да се почитуваат, бидејќи да не се тие, претставникот не би можел да прати ниту една минимална порачка. Е сега за оваа кампања, сега засега го порачав само ланчето со привезоците како обетките од претходниот каталог, кремите од фокусот и гелот од бел чај отпаднаа, го нападнав ДМ (само што влегов налетав на кремите teint perfection, тоа беше знак да ги купам нив и морам да кажам преубави се, посебно ноќната, ептен убаво чувство ми дава- препорачувам). Ланчето требаше да ми стигне денес, ама го немало во пратката, а било обработено, што значи ќе стаса во вторник. Значи совет и до другите девојки, кога порачувате работи што знаете дека ептен ќе бидат барани, не ги чекајте последните рокови. Еве јас го порачав во понеделник, што беше втор рок и пак не ми стигна, а колку бев возбудена прееска да го пробам и на крај . Ајде чекам ваши коментари за работите што сте ги порачале, а може и по некоја слика од К6.
Јас го имам каталог 6 ама слики ќе добиете утре. Ако ме нема, некој нека ме потсети. Инаку ми стаса ланчето (подарокот) многу е убаво, ми се допаѓа. Го имав порачано и коректорот и колортренд, штета што немаат избор на повеќе нијанси јас ја порачав потемната и гледам дека ми е темна малку, па ќе морам да ја мешам со другиот коректор, додека другата ми беше премногу светла. Од 5-ката преска го гледав детално и најверојатно ќе ја земам само камената пудра од колортенд, друго ништо не ми фати око. Не дека нема добри понуди ама сега за сега се имам. Кога сме веќе кај фокусот, видов бб креми од нутра ефектс па најверојатно ќе ја земам и таа мат, чисто за проба па ќе видиме. Флаерот што стигна со 2 кармини за 239 денари ко се согласи другарка ми, може едно карминче да си земам и тоа ќе биде тоа од петката. Додека во шестиот има далеку подобри понуди, многу од нив не се условени. Бисерите се намалени на 259,моливчињата од колортренд 79, геловите од 500 мл по 99, другите моливчлиња по 119, ролончињата се пак 89 , ласионите од 400 мл се 129, кремите за раце се 89, производите од нутра ефектс за чистење лице се 129 и многу други, да си штедите пари уште сега.