@ANGIE1 имав сликано ама видов дека друга форумџика ме преварила и ги поставиле горе-доле истите слики што планирав да ги ставам, затоа не постирав ништо. http://forum.femina.mk/threads/Авон-и-нивната-козметика.10758/page-247 Eте тука lovemme има поставено слики во спојлер.
Последно што порачав од Авон е тркалезната четка од Advanced Techniques и сум ПРЕЗАДОВОЛНА. Во принцип не ме бива за фризерски чуда, и претходно сум купувала вакви четки со пластични запци и секогаш завршувале вплеткани во косата, па сум се мачела влакно по влакно да ги отплеткам и на крај в канта. Со оваа четка убаво се снаоѓам, не се заплеткува и не куби.
Прво неколку членки ми бараа рецензија за кремот околу очи. Јас ја демантирам членката која пиша дека нема ефект по едно неделно користење. Јас го користев две недели, темните кругови ми се намалени и пределот околу нив не ми е сув толку. Ептен сум задоволна, деновиве престанав да го користам бидејќи сум кратка со времето,но планирам и понатака да го искористам цело паковање. Ви препорачувам да си порачате доколку имате проблем со подочници, темни кругови и слично.
Мене воопшто не ми се допадна двојниот крем за околу очи. Ми се иритира кожата и ме печеа очите. Еднаш пробав и веќе не. Всушност, со повеќето креми за околу очи го имам истиот проблем затоа што таа зона ми е пречувствителна, па се држам до Хаушка. Овој го дадов на мајка ми, но гледам дека и таа не го користи, баш ќе ја прашам дали го имала истиот ефект.
Гледам овој каталог е до 21.03, го има некаде следниот да го разгледам или...? Не сум баш упатена како одат каталозите, а сакам да си го нарачувам Чериш парфемот. Ме интересира дали е по некоја случајност е на акција во следниот или нешто такво. Ако нема разлика, да го порачувам од сега.
Помагаат, ама со секојдневна, по малку брутална масажа. Лани го користев, кај мене имаше ефект. Плус вежбање и многу вода.
Помагаат ако потрошиш еден тон од нив. Ништо не помага толку добро како антицелулитна масажа во салон. На прв поглед е поскапо меѓутоа кога ќе го споредиш ефектот на овие од авон и професионалните во салон излегува дека професионалните се поефтини