На мајка ми и’ нарачав новчаник. Не можам да го барам онлајн за да ви покажам точно кој, од минатиот каталог - виолетова/oxblood нијанса со малечко златно бубаче. Не го бива. Корне на кинеско и не знам дали ќе се одмириса. На изглед е убав, но има дупки од страните и не знам која е логиката затоа што поситните пари ќе ти испаднат, па мора да ги ставаш внатре кај патентот.
Дали некоја од вас ги користела маскава и пилингов за лице? Во тековната брошура се на многу убав попуст(65%) и се 159 денари, па решив да ги пробам. Ваше искуство?
Имам користено од првиот имам две нијанси.Ја имам истата нијанса на сликата и можам да кажам дека имаат прекрасен мирис и многу лесно се нанесуваат на уста. Овој не е баш многу пигментиран според мене барем оваа нијанса. Најмногу до два часа ми седел на усните. А имам уште една нијанса Eternal Flame преубава боја доста е пигментирана и многу подолго ми седи на усните. Минатиот пат кога бев илезена имав ставено од него и цела вечер не ми се мрдна од усните + јадев и пиев само малку на крајот ја изгуби бојата ништо страшно.
@CirezD od flaerceto imam poracani 2 kremi od 350 sen. I povekje od balsamite od 29 dali kje se fakturirat po 29 den?
А шарениве перли за што служат? http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/static/p/mk.html?make-up/face-color/p/1068-6
Ако имаш само две креми порачано во тој случај ти следуваат само две балсамчиња по 29 денари, имаш и доле објаснето под цената. Предобра е маскава, мене ми е фаворит заедно со таа од маслиново масло. Пилингот го немам пробано ама сигурна сум дека и тој е добар.
@resenska Ти одговорија девојките веќе, ама да, колку производи од флаерот, толку балсами во спортивно ќе се фактурираат по редовна цена.
Јас порано ја користев оваа маска и бев презадоволна сега во минатиот каталог нели тие со зелен чај беа намалени 169ден беа мислам и ги земав и пилингот и маската.Пилингот уште не сум го пробала имам од стариот уште малце па да го дотрошам и ке го пробам овој,а маската ја користев два три пати и одлична е. Инаку во наредниот каталог колку е тоникот на Nutra Effects? Јас го начекав за некоја смешна цена пред некое време и стварно сум презадоволна ама при крај ми е а минатиот каталог го немаше сега го гледам 220денари е,а ако се сеќавам добро тука прочитав дека во наредниот каталог ке биле по 130денари..па ако стварно е толку да почекам па тогаш да го земам..