Клиенткиве кои почнаа да ја користат викаат дека е појака од црвената до сега затоа што каде што има повеќе масна наслага гори кремата, не ја гори кожата ама ќе осетиш топлина на местото каде се масираш. Јас ќе ја пробам малку на стомак периодов и нанесувајте нормална количина затоа што налик чили-гел е, да не претерате
Точно недела дена ја користам кремава за околу очи и до сега ништо не ми покажало волку брз резултат, корисник сум на anew vitale и во комбинација со оваа, совршено ми годат. Густа е, а веднаш по нанесување има разлика во допирот, за 3-4 дена има разлика и на око, пределот околу очите ми е поодморен и налик позатегнат.
За што е? Има ефект на темние кругови? ЈАс од лесниот крем за лице сум презадоволна, не сум у тек кога искочила и за околу очи.
Немам некој проблем со темни кругови освен при екстремен умор за да ти дадам соодветно мислење, но од она што го забележувам е како да пределот изгледа поживо, па претпоставувам и за кругови би вршел работа. Пред 2-3 кампањи беше новитет - http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/static/p/mk.html?skin-care/facial-care/p/3081-7
Дечки дали имате користено од геловите за против целулит на Авон? Сега го гледам овој на првиве страни, ама се двоумам. Може некое мислење? Благодарам
Леле како на сите не ви се допаѓа маскарава, мене ми е одлична. Да не ја смениле нешто во последно време? Ај пратете ми ги чим не ви се допаѓаат. Треба некое привикнување на четчето ама мене најдобри резултати ми давала од сите што до сега сум ги користела. Трепки до веѓи!
Во тековниот каталог не ги најдов дијамантските моливчиња за очи на Авон. Ќе ги има ли во следниот каталог ако сака некоја да провери и цена да ми каже?
Хидрантниот лоион за тело кој се плкне го пробал ли некој, дали има траен мирис. И оној зацврстувачкиот, оддамна го мислам сега гледам намален е ќе го порачам ? Ги зеде ли некој лаковите.Ми се допаднаа Sea Breeze, Aqua Verve ама изгледа овој првиот ќе е, повеќе ми се бендиса, потиркизен ми стои, вториот на сино ми мава. И оној жолтиот ми се допадна, ама имаМ жолт еден обичен. Sheer Citrus има многу убава боја нежна па се замислив и за него. И Naked Truth ќе го земам. Изгледа 3 ќе порачам, тој зацврстувачкиот лосион, а од К06 ќр порачам 3-4 геови за туширање.Нек ги има, и онака имам од пред 2 месеци 3, и 4 купки. За 99 денари смеам ли да пропуштам.Само дал паре ќе има .. Колку е подлогата за сенка во К07 ?
Јас за лаковите мислам да ги земам трите нови Amped up pink, Sheer citrus и Aqua verve, но дали е баш тиркизен, значи онаа мешавина на сино и зелено, зошто имам еден сличен од Голден роус, но речиси син е само, исто вчера купив еден минт зелен, па сега ми треба баш тиркизен, ако е овој таков го земам.