Го имам и јас ова сега го порачав и портокаловото.Од ова плавото сум презадоволна 5,6 пати го порачував никакво лупење и кршење на ноктите премногу заштитува јас го користев и како top coat зa одозгора и за француски маникир ма за се го бива ,сега ке видеме другото како ке се покаже али сега за сега сум задоволна
Дали некоја ги има овие очила за сонце ? Ако има некоја нека ме контактира . Инаку очилата се AVON PEARLISED
Зависи во кој град живееш..Во Скопје има две канцеларии и во нив би требало да имаат изложено дел од производите.Се надевам дека ќе ја има и твојата ташна..
Од пудри , маскари , креми за целулит не сум задоволна искрено. Едино од лакот за зацврстување на ноктите.
Ги има ли некој користено овие шампони ? .. За оној со малина посебно ме интересира, пишува дека е за мрсна коса.
Јас ја имам користено маската и тоа спрејчето од втората слика што се. Искрено производиве се - колку пари, толку музика.Маската претечна беше, како кисело млеко. А спрејчето исто како водичка да си прскав на косата, не ми се допаѓаше ни мирисот
Незнам,јас го имам тој спреј за коса и баш мене убаво ми делува на косата,преубав е,ја зацврстува ја прави еластична и сјајна,за тоа што му е и намената.Мислам јас сум задоволна па сега кај секој различно е.
имав јас неколку али не сум баш задоволна има мн лакови што се по 30 денари а траат по една недела а овие ни два дена не траат...али сепак имаат убави бои и пак ги порачувам
Јас сум задоволна мене ми траат и повеќе од една недела. Другите ми се лупат за два дена, ама овие не.
Па јас сум задоволна,но не се толку колку што се скапи,мислам за 170-200 денари по парфимерии ќе најдеш далеку подобри и поквалитетни лакови.
Тој од камилица е добар , јас го користам и многу ми се допаѓа. А тој од малинка нема никаков ефект врз косата, ниту ја мие ниту ништо.Зелениот е многу добар ти го препорачувам.
Мајка ми е зачленета во Орифлејм, така да повеќе порачуваме од таму. Сепак имам некои работи и од Авон. Задоволна сум. Имав порачано за чистење на лице, против акни. Има ефект. Немам уште чисто лице, сепак сум задоволна дека малце ми се изгубија.
Наместо црна земав кафеава маскара ( по грешка ) Можам да ја сменам со црна? Дека прочитав позади на каталогот пишува дека ако не сте задоволни од производот може да се врати. ќе ми ја сменат?
Јас мислам дека не ги менуваат претставителите туку треба директно во Авон да отидеш ама има мн компликации па од кој претставител си ја земала , па одбрвање за замаена повеќе ќе се маткаш натаму наваму додека да ти ја сменат
Претставник си или ја порача од некој? Ако си претставник оди во твојата зонална канцеларија, побарај формулар за враќање производи и не би требало да има проблеми. Ако пак си ја порачала од некој, јави му се и замоли го да ти ја смени Иако за да ти вратат производ тој треба да е оштетен, а кај тебе се работи за твоја грешка, сепак мислам дека нема да ти прават проблеми
Сакам да порачам еден од овие три. Од кој сте задоволни, дали има резултат и како го користите? Спојлер http://forum.femina.mk/fajlovi/image/109858 fajlovi/image/109857 http://avonshop.co.uk/shop/Assets/image ... 056042.jpg