@Paolita имам пишувано наназад за овие спрејови, убаво мирисаат и ја омекнуваат косата ама ништо повеќе од тоа, барем кај мене немаа никаков друг ефект. Во врска со геловите и едните и другите се добри. Senses може да се начекаат фина понуда 500 мл за околу 100 денари, за тие пари супер се.
Дечки што мислите за спрејот што ја фиксира шминката? Доколку го имате користено, дали го препорачувате?
И мене ме интересира ова, во к7 е условен и може да се земе за 99 денари. @Rose96 мислам дека го има користено и може да ни одоговри.
@eloves имам и на блогот рецензија во search на блогот пребарај ја ако сакаш подетално да прочиташ што мислам. Инаку задоволна сум дп сега 3 имам потрошено некако ја топи камената пудра и се многу природно изгледа. За таа цена не се мисли вреди многу, особено ако имаш хајлајтер на лицетп плус фиксатор ептем многу го истакнува.
Mene nieden ne mi se dopagjat imat los tezok miris katastrofa se Imas poubavi od kalinka, borovnica,cresov cvet,bozur i marakuja, zelen caj ti e se najubavi gi imam ja i super se gi preporacuvam
Ти благодарам многу за одговорот Скај. Ја пробав и вчера, овој пат не ми се правеа топченца кога размачкував, меѓутоа пак ја осеќав само на површината и решив дека дефинитивно не е за мене. За мирисот си во право, доста е интензивен, мене не ми солзеа очите, ама осеќав јачина, истото го помислив дека има сигурно доста алкохол во неа или нешто слично. На крај си ја порачав само околуочната, да не го пропиштам балзамчето за усни . Инаку претходно го имам користено гелот за миење лице од истата линија, на почетокот бев доста задоволна, ама потоа како го користев имав чувство дека премногу ми го суши лицето (а имам комбинирана/мрсна кожа) и преминав на друг, не го дотрошив до крај. Ќе видам во четврток ако стигне, каква ќе биде околуочната крема, меѓутоа сеедно ми е, немам некои големи очекувања. Ги порачав и ензимскиот пилинг од женшен и тој со кал од мртво море, нив ги чекам со поголемо нетрпение. Инаку @Beauchamp мене сѐ уште не ми стигна ланчето, се мислам и дали воопшто ќе стаса. Претставничката ми рече уште тогаш дека порачката е обработена, што значело дека ќе стаса, ама помина цела 4 кампања, еве и 5 денес завршува и ништо. Не дека нема да можам да живеам без него, ама мерак ми беше да си го имам...
@resenska Малку касно гледам извини, може си ги видела веќе али еве ги во К6 : Во 4-та кампања ни мене не ми стигна, а во 5-та ми стигна. Ако направила порачка од К5, и ако и се фактурирани во вкупниот износ, тогаш ќе ти стигнат (ако не направила до сега порачка од К5) Во спротивно, да направила од К5 и уште да не ти стигнале, искрено не знам.. Понекогаш се чудам зошто кај некои претставници им стигнуваат некои производи во исти кампањи, кај некои не.. Иначе, доколку воопшто не ти стигнат ни во наредните порачки, да знаеш во К7 ќе ги има повторно по иста цена од 450 денари.
@Beauchamp, има направено порачка од К05 и тоа повеќе од една, и го нема. А фактурирано беше уште тогаш. Супер штом ќе ги има и во К07, ме израдува со оваа информација. Сакав да те прашам и друго околу фактурирањето, доколку не ти е проблем да ми одговориш, дали шифрите се истите од каталогот, или се други во фактурата?
Е стварно не знам што е причината тогаш. Почекајте сега и во К6 види дали ќе ти стигнат, ако не земи ги во К7. Иначе, да, исти се шифрите во фактурата како што се и во каталогот. Не се различни
Да се надоврзам со ист проблем. Претставник сум и уште во К3 ми порачаа од комплетот обетки што беа за 239 ден. Денес пуштив порачка од К5 и повторно не ми се фактурирани. До колку кампањи имаат фора да стигнат па после ги откажуваат?? Две кампањи ги нема и упорно си пишува на фактурата ќе се достави во следни порачки, а никаде ги нема.
Го имам мириснато од каталог само и убав ми беше, исто Rare pearls го имам користено и е еден од најтрајните парфеми од Авон, па сега сакам и Amethyst да го пробам.
Не сум 100% сигурна, но мислам дека има фора максимум до 3 кампањи. Ако некој знае точно нека ме поправи
Јас сум презадоволна, редовно ги користам, дури не пробаш неможиш да знајш Ај тој шо има 7ка каталог нека ми кажи колку е фиксаторот, Фала