Незнам од која крема осеќаш солзење и пецкање на очите, но јас ќе ти кажам имам 7-8 креми за лице од Авон и од сите ми се случува да ме пецка и да ми солзат очите.
Зборуваме за Anew Vitale. Во моментот ми е при крај двојната крема Anew, од неа немам такви реакции, а сум користела и порано и од solutions линијата исто не сум имала никаква реакција. Ова ми е прва реакција воопшто од производ за очи.
Мене од сите ми се случува, најмногу од нутра. Веќе крај околу очите да ставам, оти морам одма да мијам.Инаку немам проблематично лице, никогаш на ништо сум немала никаква реакција.
Во право си Сесилија, од околуочната штипаат очите, ама изгледа и од другиве две, ноќна и дневна. Трае кратко, ама сепак. Јас која никогаш немав проблем со ништо ми пречи, како ли ќе беше на некој што има осетливи очи. Околу составот...искрено, не сакав ниту да погледнам. Можев да ги сликнам тука за Биодевојка, ама си велев кога ги купи, сега ги користи Мада најискрено не ми е сеуште свест на толку високо ниво околу козметиката и состојките, од време навреме се потресувам околу нешто, ама кратко ме држи. Се префрлив на органско демек кога бев бремена и доев, па потоа пак си земав што сакав, без да ме интересира што и како Мада, највероватно и јас ќе се префрлам на нешто друго после, нема да порачувам од кремиве (додуша и мене ме изеде тој силикон сега на прво место ) ама сеуште не знам што друго пак да земам. Можеби еуцерин, мада и тој по составот демек не е најсјаен, ама па тоа е...ќе видам.
Епа и јас тоа си мислам Скај, штом мене таква реакција ми дава само штом ќе почнам да ја размачкувам, што ќе се случи со некој со осетливи очи? За составот само погледнав и веднаш кутивчето во ѓубре, да не гледам. И јас не се потресувам толку многу сѐ да биде нештетно, ама сепак гледам некои работи да ги избегнувам, не сакам само камуфлирање како што прави силиконот, затоа не сум ги порачала и капките за коса што се толку популарни, претпоставувам дека содржат силикон. Баш го видов составот и на кремите за лице од Балеа што ги спомнав дека користам, не се и тие најсјајни, ама силиконот барем беше претпоследен ставен, така се тешам. Јас следно мислам дека ќе пробам нешто од Алверде. Винтер, штом имаш такви проблеми, пробај нанесувај масло од кокос, не е добро да ја запоставуваш таа област, сепак таму кожата е најнежна и најтенка и ѝ треба нега.
Незнам дали е од тоа, ама имам мала бр4ка под едното око.Се нервирам страшно. Ќе ставам кокос, треба и некоја крема да разгледам, незнам дали од Авон овие се ефикасни за околу очи.
Винтер, па цело време зборуваме за крема за околу очи, не те сфатив, ти имаш реакции на обичните кои ги ставаш и околу очите, или?
Да јас си реков од сите што ги имам разни креми за лице, околу очи кога ставам ми течат солзи.Знам дека зборувате за тие креми окоу очи, јас сакав да споделам дека од сите ми се дешава тоа. Користам други за околу очи, не од Авон.Се мислев сега дали да пора4ам некоја од овие околу очи. Тие што ги пора4увам порачките ми каснат многу, уште ги немам земено пора4ките. Од К6 што ќе порачате ?
Да прашам дали има ефект третманот за намалување на стрии? Дали го имате пробано? Јас го зедов новиот за целулит требаше да загрева ама јас ништо не почуствував ни топло ни ладно.
И јaс се мaчкaм сo нoвиoт aнтицелулитен и немa никaквo зaгревaње Пс - oд бб кремите кaкo сте зaдoвoлни? Не им гo знaм сoстaвoт пa не знaм дaли се пoлезни...И дaли знaете кoјa им е ценaтa вo К7?
Женски дали некоја од вас која ги има FOCUS 6 и нето понуда6 дали ке може да слика, затоа што мене од К3 не ми стигнуват пишува само дека ке се достават во следната нарачка ама касно ке ми е тогаш џабе и да стигнат
Сите претставници ги имаат по логирањето, логирај се, најдоле десно имаш тековен фокус, нето понудата беше во корисни информации но тој сектор моментално е недостапен, инаку штом го средат ќе можеш таму да ја гледаш
Морам да го пофалам лосионов. Предобар е а пре евтин. Кожата ептем мека ми ја прави и мазна, сега дека е потпло се туширам секој ден а не ми е ни до пола потрошен. Голем плус е дека многу брзо се впива во кожата, а јас обично имам навика да нанесувам во поголема количина и со други лосиони ми требаше да чекам повеќе време. И уште нешто, мириса прекрасно!
Utre ni stigat poracki od k6 i noviot k8,neto ponuda,fokus i se ostanato... Pa ako vi treba slika cena od nesto prasuvajte