јас од лаковите не сум воопшто задоволна само што ќе се лакирам се лупат затоа пак од маскарите моливчињата за очи парфемите...сум многу задоволна...имаат убави работи
Слушнав дека лаковите ги повлекле од продажба бидејќи не биле исправни и не биле според стандардите иако беше пред некој месец. Гледам кај нас нема такви проблеми
Јас сум презадоволна од перлите на Авон. Даваат еден преубав, природен сјај, и малку повеќе да ставите пак нема да изгледате кловновски. Eве овие се, да нема збунка бидејќи имаат и едни бронзени што се.
Го видовте ова ? Ме интересира дали некој ги има видено очилава да ми каже дали се добри, и ова усб-во колку меморија има ?
http://www.avoncosmetics.com.mk/REPSuite/pg.page#Rep/CT Шо ќе кажете за ова? Вреди да се даде 300 денари?
Јас искрено мислам дека не вреди,мислам дека пудрата не е убава а и тоа од натуралс,незнам што беше.Сепак,ако сакаш да пробаш,пробај си...секој има различна кожа и се останато.
Јок. Пудрата искрено крш е, нит покрива, не дај боже капка вода да ти капне на лице, ко ќе се разлее леле леле! Е сега, имам пробано една од овие маскари, и за чудо ми ги правеше многу убави, ама очите ме чешаа... Маската не сум ја пробала.
Еве го пак. Инаку некој праша за колекцијата од женшен, ја земав јас маската за лице и убава е иако според мене најубава е таа со глина и маслиново масло. А пудрата од color trend е за детска кожа и само на нив им стои убаво, инаку јок.
Јас само ја мириснав (бидејќи оваа е за над 25) и морам да кажам дека преубаво мириса. Инаку што ги слушав другите што ја пробале сите ја пофалија дека им ја правела кожата многу убава, но ако несакаш да експериментираш побарај нека ти дадат тестерчиња и пробај си 2-3 дена па види како ќе си задоволна Ако те интересира нешто повеќе пиши ми пп
вреди го имате видено сребрениот комплет за 529 ден ланчето што можи да се носи на четири начини да не го има некој?
Крајно незадоволна од лаковите на Авон се лупат наредниот ден одма, каде мали па и не се баш ефтини, ама барем квалитет да имаше, од мене own:
Да,јас го имам користено,всушност скоро сите производи на планет спа и морам да кажам дека навистина се прекрасни,ај што преубаво мирисаат сите,па и секој си ја врши работата онака како што треба. Па,пудрата ја имам користено,ама старата,онаа во црно а оваа е нели истата само во подобрена верзија,или така мислам.И да бидам искрена и мене не ми се допаѓа баш,како што кажа мацалов,капка да ти падне ќе се разлее веднаш и ко чавка да те посрала излгеда.Мене не ми се допаѓа,а тоа дали е покривна,па средно покрива.Маскарата ја имам пробано,и убава е,ама има многу поубави маскари на авон за разлика од оваа,оваа е некако просечно,ги црни и дефинира трепките ама не им дава волумен,и плус се слепуваат.Маската ја немам пробано,претпоставувам е убава. Братучедками ја зеде,ама кратко ја користи,мислам недела ја користи,па сега од овој краток период што ја има користено се пофали,била преубава и лесна.И да,прекрасно мириса.Всушност,и сите колекции на ању се преубави и навистина вредат за парите,мајка ми ја користи ултимејт за +45 и е презадоволна,на лице изгледа ко 30 години да има(инаку ќе полни 44).А од скоро ја користи,некој месец можеби.
Се мислам да порачам некој од овие лосиони, ама не сум ги користела досега.. кој е така најубав и има најубав мирис?