Ми стигна порачката од К7, но не ми стигна и К9, како што по обичај праќаат. Да не престанале да даваат наредни каталози? До сега не ми се случило ова. Баш се разочарав, едвај чекав да го видам К9 Гледам и во фактурата не ми го пишува дека треба да ми се достави.. @CirezD ?
Пошто сме К07, пакетот треба да ти е денес доставен и во него да има К09, освен во случај на снемување на залихи или пак човечка грешка, инаку не престанале да даваат. Ама ако немало залихи ќе ти пишувало на фактурата така да можеби Пољакињата која била одговорна за твојот пакет те прескокнала некако Тоа ако збориме за прав опус, ако мислиш од минатиот пакет не ни треба да има 9ка во него, тие стигнаат со порачкиве од 7ца.
Да да, на пакетот од денес мислев. Денес ми стигна од првата порачка од К7, и немаше К9. Веројатно ме промашиле.. Ти благодарам на одговорот
Мајка ми ја има LUXE течната пудра (Каролина Гочева ја рекламираше) и премногу е задоволна...И јас често ја употребувам,иако сум мала за пудра на моето лице сепак се ми покрива.
Не пуштив од каталог 6 порачки и сега каталог 8 го немам. Деветиот денес ми стигна ама осмиот го немам, како можам да го најдам, координаторката ми е надвор од држвата. @CirezD
Дај сликнете ги од каталог 8 страните: 3,4,5,6,7, 87,88,89 @resenska мислам дека ти го имаш? парфемите од 3,4,5,6,7 мисламдека се 729ден, ако може само 87,88,89 да ми ги сликаш?
Не сум била единствена значи.. Што направиле појма немам. А сега, приметив дека и фокусот за К8 не ми го пратиле.. Инаку, го пробав новиот течен коректор што ќе биде новитет во К8. Еве овој : Конечно еден одличен коректор и они да направат. Сите останати што ги имаат лично мене ми се ужасни, без врска. А овој е дефинитивно најдобар до сега, како да не е од Авон Многу е покривен, сосема малку ставив на одредени предели каде ми е потребно и се ми покри на тие места. Мат финиш има, и едина маана му е што се собира под очи, али со пудра во прав или камена се корегира колку толку. Ќе биде во две нијанси. Светлата нијанса ја земав, и е доста светла .. На тие со светол тен ќе биде совршена 229 ден. во К8. Препорачувам Ги пробав и овие стикчиња, што ќе бидат нови во К8. Поточно, ги имаше и минатите години, ама пак ги вратиле, па сега за прв пат ги пробав. Го земав потемното. Малку се разочарав зошто не очекував да има ситни светки кога го видов прв пат, но од кога ќе се нанесе на лице искрено не се ни приметуваат. Многу убава боја е, неможам да ја дефинирам нешто помеѓу кафеаво и розево е. Одлична за контури и/или за руменило. Цената ќе биде 299 ден. во К8. Ги препорачувам и овие, само малку пониска цена да имаат, сепак не е воопшто големо стикчето. Се надевам нема брзо да се троши.. И најдоброто за крај. Што го препорачувам највеќе од сите Спомнав и претходно дека се заљубив во парфемчево уште на прв мирис Сега конечно и го имам. Сеуште не сум го носела, само го пробав на рака. И совршен е во секој поглед Доста е јак на почеток додека се осетат сите ноти, после некое време од кога ќе се изветрее е фантазија. Од претходните години што ги имам користено овие парфемчиња ми се покажале доста трајни, така да верувам и ова ќе биде такво