Памтам една феминка имаше прашувано за гелот за миење лице со бел чај од планет спа, па по неколку користења еве да напишам мое искуство (се надевам ќе види и прочита)... Убав е, мене убаво ми мириса мнооогу и навистина го чисти лицето. Единствено што не ми се свиѓа е што понекогаш ми го затега лицето. Се друго е на место.
Па тоа и е финтата да го матира лицето, посебно во лето кога се потиме, да видиш колку убаво ќе ти делува, не ти дава скоро ич да се потиш.
Se izvinuvam ova e fokus k9 A jas sum pisala k8 eve go i k8 http://www.avoncosmetics.com.mk/REPSuite/static/campaign/C07/panorama_C08.pdf
10/10 Мене ми се одлични, користам редовно две палети, сега им се спремам на пастелниве Бојата е одлична, трајноста супер задоволителна, изборот на комбинации исто. Во дел од нив една или две од четирите, содржат дискретни светки, има наведено на брошурата поточно кои.
Мислам дека слична ако не и иста функција вршат, само што кремот има заштитен фактор и општо малце е помрсен во структурата
Кремот има заштитен фактор, гелот нема. Кремот е погуста формула, гелот поретка. Кремот хидрира поспоро но подлабински, гелот побрзо но поповршно. Кремот е за 24/7 и под секакви временски услови, гелот за дома или неизложување на сонце.