@lattie, од аспект на трајност Iceberg White и Lavender Sky се топ, по недела дена бојата не мрда од нокт додека Very Berry е далеку понетраен, едвај 3 дена дали издржува. Другарка исто го испофали Dazzle Pink. Мој општ впечаток за гел финиш лаковите е дека се многу пигментирани, два слоја се сосема доволни за максимална покривност, рамномерно се нанесува бојата, не се познаваат потезите со четкичката.
Има некој каталог 10, ако не го мрзи да ја слика новата ташна тегет со крем, ќе била околу 850денари со порачка од 600 денари?
Ме интересира дали некому му стаса комплетот со ланче со 7 приврзока? Исти оние како обетките, што пред неколку кампањи беа 7 пара за 239. Mислам на овие. Ако некој ги има нека ми ги слика, сакам да ги порачам од к10.
http://forum.femina.mk/threads/Авон-и-нивната-козметика.10758/page-255 Оди тука , имам ставено слика од ланчињата како изгледаат и во пакување и на себе Обетките ги немам.
Аии па фала ти. Јас ги имам обетките, па затоа сакам да го порачам и ланчето за да си ги комплетирам. Прашав зошто знам една феминка се жалеше дека го немале комплетот со ланчиња. А ме интересира синџирчето какво е, да не ми се скиќе веднаш како тие од пазар?
Синџирчето е стандардно како и сите останати во Авон што се. Ако си користела претходно некое ланче. Малце е тенко и нежно искрено, има шанси да се скине лесно. Јас затоа пазливо го користам. Али го изнаносев до сега, речиси секое излегување го носам и досега ништо не му фали. Ниту пожолтело, ниту се разлабавило
@Beauchamp ги овие ама нијансите ми се пресветли. Во наредниот каталог истите нијанси се или има и други?
Еве ги нијансите во К10. Ги има истите и плус други. Не се сите светли, побарај ги низ гугл да ги видиш како изгледаат. Не се исти баш како на сликите
Часовникот не ми стигна, го немало. Демек во наредната порачка ќе стигнел... Стварно се случува така? Или да си барам чарето со друг часовник... @CirezD , @resenska ?
Е фала ти ги има нијансите кои ми се допаѓаат ќе почекам до наредниот каталог. А пакувањето знаеш какво им е, пластика или стакло?