Не бев многу задоволна од декоративната козметика на Авон, ама моливчево ме воодушеви Незнам колку се забележува од сликата, моето е темно сино со дијамaнтски ефект. Преубаво стои а и долготрајно е. А и цената му е смешна- само 130 денари. Топло го препорачувам
Тој со сино капаче,од колекцијата на Ферги(со мароканско арганово масло) и е преубаво.Дава сјај,ја обновува,дава цврстина,дава волумен и штити.Мислам вреди.Јас го земав 229ама сега штом е намалено,пак ќе го земам.
Ти препорачувам да го купиш тој со сино капаче,со аргоново масло.Јас го имам и преубав е,го имам пофалено и во некои други теми.Не се мисли,порачај го.
На кој гел мислиш?Од клирскин?Има повеќе.А за гелот лилавиот за акни,во шишенце што е,го имам јас и го користам,и има ефект ако го користиш редовно,а еднаш стави,пет пати не ставај,нема никаков ефект.Ако мислеше за тој,ако не кажи поконкретно на кој мислеш.
Како мислиш да е добра,во која смисла?Бојата е добра и подолготрајна,не се прават линии на капаците и интеизна е бојата.Не е нешто посебно,ама мене повеќе ми се допаѓаат oвие.
за сенката дали е добра, тоа ми беше битно да не се прецртува линијата во средината,прв пат да ја нарачам
Значи лосионот за целулит е 369,ама со порачување на било кој производ од кампањата,а е 669 по специјална цена,поточно без да треба да порачуваш некој друг производ.
Фала ти. Прашав пошто денес ја пуштив порачката , и во види вкупно пред да се испрати пишеше дека е 669 ден а имав уште 5 други производи порачано. Значи во фактурата ќе го пиши како 369
се согласувам со тебе јас ги имам златното и црното сега сум во план и од другите да порачам...и јас топло ги препорачувам
Да,јас го имам и сеуште го користам,ама ме нервира тоа што остава светки,а не го користамз а псоебни пригоди,секој ден и светките на облека остануваат,тоа ме нервира.Инаку е преубав омекнува,негува,одма регенерира,заздравува,мајка ми се исече на нога кај коленото и редовно ставаше неколку дена и и помина веднаш.Преубаво е ама ако не сакаш светки земи го тоа обичното масло,розевото што е со осветлувачи.
Хидратантен е,ја омекнува,мириса убаво? Детали молам,девојки [/quote][/quote] Убаво мириса,ја прави кожата убава,ја омекнува.Имам користено неколку од тие од авон и можам да ти кажам дека се убави,убав е,земи си го