Дали некој ги има користено пилинзите за лице од Planet spa и дали се добри за сува и чуствителна кожа?
Девојки, збор два за пудрите на Luxe, која е подобра магичната или свиленикавата? Гледам намалени се па дали да си порачам..
Ги користам и двете, со тоа што првата е помрсна и ја ставам како ноќна крема и го има оној типичен мирис на чајно дрво. Втората ја користам како дневна крема, гел-крем е и структурата и е полесна од првата, многу свежо мириса. Наменети се за мрсна и комбинирана кожа, супер ми се и двете и доста траат, особено втората.
Посребрениот накит мене лично ми е одличен, не ми потемнел, или сменил боја и слично. Во глобала само таквиот го порачувам јас. А, останатите што не се посребрени и те како темнеат и менуваат боја
Исто како и beauchamp, само таквиот и го користам и сум презадоволна. Од златните нијанси, 90% потемнуваат и стануваат никакви после краток период. Имам златести прстени и само тие до сега ми останале непотемнети, додека сребрените немаат утка
Зависи што бараш од една пудра. Магичната е особено супер ако имаш сува кожа. Содржи многи малечки светки кои на лицето му даваат здрав сјај (нешто што на сувата кожа вообичаено и недостига). Хидрира, го воедначува тенот, прилично е трајна, но не е многу покривна. Ако имаш видливи несовршености (подочници, лузни, акни), ќе треба да ја користиш во комбинација со коректор. Свилената е повеќе наменета за нормална и мрсна кожа, има поголема покривност но и таа покривност се движи накај средна. Во секој случај, и двете пудри се одлични и вредат за парите, особено сега кога се на попуст
Кај сите е, освен кај тие што имаат flash player и на мобилен. За скоро ќе биде достапна и за сите телефони
@CirezD Kazete nekoj zbor za ova kakvo e kako se koristi za kosa, dali se ispira na telo i kosa, kakvo e?
@resenska за коса веројатно се нанесува како и секогаш на влажна коса пред сушење или на сува коса не се плакне. За тело исто се мачкаш да упие не се плакне. Е за лице незнам не сум користела до сега.
Каталогот е веќе излезен на нивната страна разгледај го таму. П.С. Се извинувам за пост под пост од телефон сум.