Одлична е, има доста мислења за неа наназад во темава и сите се позитивни, си ја врши својата работа, не е скапа, со мало нанесување, задржува сенка на капак колку и да ти е потребно. Нема да згрешиш со неа.
Во потрага по ДОБАР мат црвен кармин налетав на Red Supreme, од последната страница што е од тековниот каталог, нооооо не ми стои некако баш по мерка. Затоа ќе може слика од тоа како е во живо ?
И јас често се мислам дали да порачам некој кармин највеќе заради тоа дали ќе биде ист како во каталогот, па затоа си порачав мостри во повеќе бои па да видам кој ќе ми одговара па потоа го порачувам карминот ако ми се допаѓа. Конкретно овој го имам и можеш да го видиш на сликите. Мене лично не ми стоеше убаво оваа нијанса. Се надевам дека ти помогнав.
Би сакала да порачам ББ крем од Авон, но знам дека не е само еден. Ве молам доколку некој има искуство нека пиши детали за ББ кремовите од Авон и кој е најдобар. Сакам да покрива, но сепак да дава впечаток на повеќе natural look.
Го проба некој? Посебно делот highlighterот ме интересира дали е баш за финиш како јас што си имам замиcлено во главата Ако има некој со искуство, споделете
Јас одма штом искочи го земав и од тогаш само него го користам.. Руменилото е супер дава многу природен изглед,а хајлајтерот мене ми е сон на моменти ми доаѓа да го нанесам на цело лице и така да се шетам Незнам ти како имаш замислено во глава ама од мене има 10ка еве ти и некоја сликичка и од руменилото и од хајлајтерот.
Joy, тоа е продукт кој може да биде кремаст или во прав,светкав што се користи со цел истакнување на делови од лицето,на пример јаболкниците или делот под веѓите,малку над горната усна,дури и на врвот на носот. Дава изглед како да ти сјае од здравје лицето. Уствари игра со светлина и сенка. Каде што ставаш бронзер тие делови ги ставаш во заден план,а овие со хајлајтерот се истакнати. Му даваат повеќе димензија на лицето,да не е заоблено само така како полна месечинка. Еве види на сликата како и свети делот над образот. Инаку може да се користи и на телото,на пример на рамениците или на клучните коски.