Да хидратантен е,омекнува,прекрасно мириса.За ова веќе ти пишва и во минатиот пост,многу брзо заздравува и омекнува.
Девојки ај некој кој ја користел пудрава (или било која друга пудра од авон) да ми помогне малце Сакам да ја нарачам но некако неможам со нијансиве да се снајдам.. Јас имам прилично светол тен ама со жолт подтон, овде најсветливе нијанси некако многу на розеникаво ми маваат... До сега само една пудра имав од Авон ама таа на подарок ја добив, и не ни памтам што нијанса беше..
^ Јас ја користам оваа пудра, сега имам cream i almond , мене ми е cream потемна зошто и јас имам светол тен така да ја нарачав almond, природна е исто како да не сум ставала пудра, а покрива, сега зависи каква сакаш потемна или посветла, битно само тие 2 ги користев.
Дали некоја од вас девојки има ги користено кремите за депилација од Skin so soft ? Било да е за бикини зоната било да е за надустата и друго ? Пошто ме интересират какви се ? за колку време се појавуват влакната ? и било каква информација за нив ?
Јас ја имам онаа наменета за отстранување на влакненцата од бикини зоната и со сигурност можам да кажам дека не ми прави некоја драстична разлика споредена со обичните креми за депилација. Влакненцата почнуваат да се познаваат по неколку дена.
Јас досега сум порачала две пудри на авон,од кои едната од колор тренд,а другата не беше ни пудра,туку некој си балсам,ама како пудра,оној де новиот што излезе пред 2 кампањи.Јас зедов 1 нијанса потемна,зошто секогаш кога земав како мојата природна боја на лицето(а имам ептен бела кожа)изгледав како мртовец зошто ја земав најсветлата нијанса(Кажав зошто таа ми одговара на природната боја на лице).И ајде сега се решив од овој балсамов да порачам 1 нијанса потемна,па ми излезе ептен темна ко црнка сум ,па ај ја мешам со една на малена(се надевам знаете за која зборам)па ја средувам некако.Ако имаш тен како што опиша,би ти ја препорачала nude,мислам дека најмногу би ти одговарала.А мислам дека можеш и сама да одредиш,иако јас не сум баш вешта во тоа.Стави ја раката блиску до нијансите на страната од каталогот,ама на внатрешниот дел на раката,кај пулсот,и спореди ги нијансите,која највеќе ти одговара таа порачај си ја.
Па до каталог уште не сум стигнала од интернет ги гледав нијансите, ама пример знам дека и со орифлејм е така, во каталогот изгледаат скроз подруго за разлика од тоа како изгледаат во живо.. Само ми е страв светливе нијанси да не маваат многу на розеникаво..
Ме интересира што се случува доколку не се плати фактурата на време ? Дали се доплаќа или прогледуваат низ прсти ?
Јас овој пат задоцнив 5-6 дена па ништо ми нема стигнато,ни камата не платив.Е сега незнам,може ќе ми ја пресметаат во наредната фактура кога ќе правам порачка,па ако треба тогаш да платам ќе се убијам .Незнам,ова ми беше првпат да задоцнам,не платив кога плаќав во банка ништо не ми рекоа,е сега дали ќе ми пишат камата во наредната фактура незнам,ќе пишам.
Не пресметуваат камата за задоцнето плаќање. Единствено ако не ја платиш нема да можеш да пуштиш друга порачка.
За 5-6 дена ништо страшно нема да се случи, освен што нема да можеш да пуштиш порачка. Е сега, ако ти задоцниш малку повеќе (мислам дека е месец дена) ти пресметуваат и камата од 300 денари.
^Не си ги фрлај парите залудно, не го бива, воопшто. Мене само ми ја мрси косата дополнително, отколку што ја заштитува од горење. Поарно земи си Глис, или субрина, исти пари се во прашање.
И јас имам бел тен ко тебе и ја имам Shell и многу ми е погодена. Другите нијанси се доста темни, знам дека три сум дала и ги видов дека се темни со исклучок на Ivory , но таа е најсветла, а за твојот тен Shell. Инаку не мават на розево и јас сум задоволна од нејзината покривност. Сега во овај каталог е 600,но наредниот ја има за 360мислам така да ако не ти се брза почекај малку
Не,не дека не е убав,абе ја штити косата,ја прави сјајна се,се,само 1 нешто не ми чини,што ја мрси ептен,вчера се бањам и на мокра коса ставам,и денес мрсна.Имам и сеуште го користам,поише никогаш,и не купувам повеќе шампони од авон,цела коса ми попадна(не буквално,ама ми паѓа повеќе од колку што со други шампони).
го имав и воопшто не ми помогна , само косата повеќе ми се мрсеше . Ни сјај и даде на косата, ниту пак ми ја заштити од горење .. own:
Лице,тело?Имаш кремови на кеир,еве каталогот разгледај си,имаш премногу производи. http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite ... rNr=201306 Пиши за што ти треба,ќе ти препорачам некој кој го имам користено и е добар.