Јас сакам да го пофалам стапчето за црнки и акни, предобро е. Значи нема веќе “копање“ по лице кога ќе ви излезе некоја бубулица, само поминувате со него и готово. Исто сум задоволна многу од мат ББ кремата Нутра Ефект, прочитав позитивни впечатоци кај @Rose96 на блогот, па решив да ја земам и не се покајав. Има убава покривност, ја земав Лајт нијансата што многу убаво ми легнува на тенот, и со камена пудра издржува солидно. Јас имам многу мрсна кожа, така што верувам дека кај тие со комбинирана или нормална ќе биде уште потрајна. Не се споредува со ЦЦ кремата од Биотен од која засветував речиси по нанесувањето. Оваа од Авон нема целосен мат изглед кога ќе се нанесе (барем кај мене), не дека светам од неа, туку баш убаво ми изгледа лицето. Супер ми е за наваму-натаму кога не планирам да сум излезена неколку часа и не ми се става пудра. Исто сум многу задоволна од Спојлер - косата иако ми е бланширана, сепак после употребата на ова не ми е воопшто сува- напротив, многу е мека и лесно се расчешлува и фенира. Сега сакав да ја замолам @resenska ако сака да ми прати линк од фокусот пред да решам што ќе порачувам од овој каталог, заборавив да земам од кај претставничката. (ако смета овде, може и во лп) Да не бидат само пофалби- воопшто не сум задоволна од Спојлер ова , не ги влажни усните, а доста е густо и лепливо па само ми стои на површината без да се впие. Дефинитивно не ми одговараат вакви лабела.
@sesilija ти препорачувам да го пробаш и третманот за косата од истата линија. Предобар, го имам од нова година навака и уште имам од него. А од лабелата тие на мелем се одлични за овој период.
Јас ја имам подлогата на лукс. Да ти кажам дека одговара за комбинирана кожа, но не одговара со секоја пудра. Бидејќи користам пудра на Боржуа не ми одговара со неа. Со ревлонот одлично се согласуваа. Подлогата брзо се впива и лесна. Но зависи пред се со која пудра си одговараат.
Не работам јас со авон. Побарајте од друга членка која го има каталогот. Тогаш направив услуга на членката бидејќи не можеше да ги прикачи поради проблем со големината на истите.
Го има некоја членка користено? Добар е шампонов? Збор два ако може? Уууф како мириса само... го има во к16 со уште еден производ за 189 денари
@buba4e89 фала за препораката, гледав во К16 ќе биде доста намален третманот, па планирам да го пробам. @joy1 значи не сум само јас со истото мислење за балсамот... Кога веќе спомнуваме лабела, иако не е од Авон сакам да кажам дека сум презадоволна од лабелото од невен од Алверде. Предобра нега за смешна сума од околу 60тина денари.
Потврдувам за Алверде. Има смешна цена а бесконечно вреди. Пред свадбата никако не можев да ја средам устата. Се што имав дома пробав. На крај го најдов затуцан во ташна некоја овој на алверде. За два дена како нова.
Дава свежина и чувство на ладно. Ништо нарочито ама ако имаш потреба, океј е. Прави нијанса полесно да се чувствуваш, да не ти тежат очите од умор.
Мене лично на натуралс шампоните ми се допаѓаат. Многу повеќе за разлика од адванс техникс. Али сепак, кај секое влакно различно делува. И јас сум во план да го земам овој шампон. Преубаво мириса, а и добра понуда имаат па пробај ги. Нема многу да изгубиш Мене ме интересира да прашам, дали некој го има пробано ова: ? И како е задоволна за разлика од обичен сунѓер, и дали воопшто има разлика ?
Ништо посебно не е, воденеста и покрива убаво за тие што немаат што да покријат. Јас имав две пакувања ги потрошив.
Парфемот Premier de luxe го има ли во оваа каталогче и која цена е? Парфемот е преубав,веќе ми е при крај па сакам со нов да се почастам,ама неможам каталогчето да го погледнам.