@crazylady јас го порачав минатиот каталог, подарок за брат ми беше и убав е траен, по цел ден го осеќам во собата.
Јас не, јас од парфеми користам само dahlia givenchy а од авон купките и кремовите, види разгледај има убави работи
Раст на гради освен силикони и природен ген надарени, невервам дека од гел ќе пораснат Невелам дека непостои гел итн но веројатноста да се зголемат е мала,другарка моја имаше купено оддамна ова ќе ти кажам јас бев 3тта год средно ќе одевме низ балкан ескурзија, она си купи еден гел масираше на градите масираше ли масираше за да и бидат поголеми за таму А јас си порачав едно за самопотемнување,и се мачкав и мачкав и вака на мене бев убава мн убава боја како златна, ама кога се слеков тогашен хотел Београд ,во Београд и ќе одам ја типката на забава во фустанче , кога си ги видов колениците како немијана Шта речи а не заплакати , тогаш немаше некое упатство баш да се кажи дека баш на колениците и лактите најмалку се ставало.. а јас сегде Можеби кај тебе ќе успее да се зголемат..
Јас си нарачав камена пудра од Лукс ептен ми е погодена,трајна како луда ми покрива се'. Сакам да ве прашам дали некоја од вас го користела коректорот течен од лукс ? Или препорачајте ми некој др производ од лукс што сте презадоволни ? Нели за 35 % попуст два производи треба
Од камената исто, презадоволна, а коректорите Лукс, стик коректорот е добар, а тој како со четкиче сега го земав ама многу е лајт во смисла на тежина, ептен треба некој шо нема шо да покрие За дневен ми е океј, за вечерен ми е слаб.
Девојки, ајде кажете ми, овој комплет маскара со бронзени бисери, 549 денари, дали овие бисери се наменети за лето, дека се такви Glow
Бронзените не мора да значи. Јас ги имам ги користам и за преку ден. Супер ми се кога нанесувам само пудра и од нив малку така ( кога ме мрзи ). Многу убава боја оставаат, ако сакаш за појака ќе поминеш со четката по втор пат.
Фала ти @buba4e89 Уште едно прашање. Сакам да ја порачам четка, токму за руменило/бисери ми треба, од тие што се на страните 86-87, по 299 денари се. Јас се мислам за двостраната четка, добар ли ми е избор или некоја од другите (прва или втора?)
Супер избор, можеш двостраната. Само што јас немам искуство со овие четки бидејќи немам ни една и не знам какви им се влакненцата. Еве некој друг нема каже.
Денес го добив долгоочекуваниот бронзер на Luxe, и девојки I'm in looove Толку нежен,толку пигментиран, со розевкасто/кафена нијанса, ма совршен за периодов
@Sky-butterfly од четките ја имам закосената, мислам дека ја нема во ваа кампања. Ама која и да ја нарачаш нема да погрешиш. Имаат меки и нежни влакна, не паѓаат лесно. Јас ја користам повеќе од година дена. Лесно се чисти.По чистење е повторно белак, како нова.