Не немам. Јас да имав ќе ти одговорев и на другото прашање. Деновиве треба да земам нарачка, па се надевам ќе ми дадат нов каталог па ако не ти одговори некој ќе ти пишам јас.
Јас од ова гелот за интима воопшто не сум задоволна. Мене не ми се погоди, на почеток ќе речев супер ама како користев ми правеше проблем. Пиши мислење за четката и со здравје да си ги користиш.
Хмм... не почнав сеуште да го користам гелот, користев Нивеа интимниот досега, па ќе видам како ќе ми се погоди мене. Ајде да дадам еден апдејт од другите користени производи. Четката ја користев и е препрепреубава Такви меки влакненца има, преубави, ептен сум задоволна досега. И од бисерите (јас порачав коралните) сум задоволна. Не се многу пигментирани, баш онака нежни, топла боја, ама баш такви сакав. Карминот од Лукс ми е прекрасен. Таков богато кремаст, хидрантен, сум задоволна и од него. Сакав таков некој што не ми ги суши усните и овој е совршен. Бојата е nude, за секој ден одличен. Молив за очите Лукс ме изненади. Мислев класичен молив а оно како туш- молив, толку интензивен, баш е наменет за јака шминка. Кога зедов да го нанесувам и кога видов колку е интензивен морав да го бришам со сунѓерчето од вториот крај од моливчето и тоа бааги да не изгледам ко вештерката во очите А и едвај се симнува. Не е лош, само не ми е баш за дневна варијанта. Четворобоините сенки ми се исто така погодени. Маскарата! Аууу никаква. Значи до толку да не ја бива не верував. Како да нема ништо во неа, како да е празна, сува. Треба пет пати да ги премачкам трепките за да се истакнат малку. Самоостречкото моливче за веѓи и порано користев и сум задоволна. Планет спа -за чистењето на лицето е многу убаво. Многу малку од гелов е потребно да се направи убава пена и многу темелно го чисти лицето. Планет спа - пилинг за лице ми е ок. Порано земав тој од мртво море, и бев многу задоволна, ми се чини беше прочистувачки повеќе, ама и овој е добар, врши работа. Тоа е тоа мислам.
Сега ми стигнаа моите. За маскарата имам пишувано, а за прстенот ми се допаѓа. И имам к17 кажете што сакате ќе ви сликнам.
Ова нешто никогаш пак не би го купила, по лошо нешто амин!! премногу водлесто, со сумљив мирис, како расипана крема од кајсија... на косата единствено нешто што и прави е што ја суши и како чист алкохол да си стаил.. беживотна е скроз. А чудово кошта 150 ден...
Тоа е новиот број? за овај еликсир прашував и ова спа ,другите ми се добри што ги порачав само за овие ме интересираше цената колку е во новиот број
Еликсирот е 299 денари. Маската за лице и гелот за лице од Oriental Radiance,пилинг маска за лице и крем за чистење лице од Revitalising Retreat е секој за 299 денари.
Добро, фала што ми кажа, јас веќе си порачав сега нема смисла да откажам а баш и затоа сакав да знам кој ќе е разликата , сепак фала што оддели време и ми пиша
Мене порачките дури во Четврток ќе ми стигнат,едвај чекам.. Си ја порачав кремата со екстаркти од овес family pack за 129 ден,а дома веќе ја имам таа од какао и од алое вера,и си порачав купка за тело со екстаркти од ванила и јагода..ммм
@papillonP Маслото е смешки.Џабе го купив, никаква функција нема. Има многу попусти во к17, купки по 79-89ден, ќе биде ова нај големата нарачка со сега
Женски има ли мини каталог за кампања 17. Не порачував предходниот месец а на сајтот уште нема? Ако има некој да го сликне.