@blessed.an ти благодарам. А имаш некои други да ми препорачаш ако си пробала, имаше и за 159 и за 199 кармини, ама си реков дека не се баш најквалитетни со оглед на цената.
Минатиот месец порачав..Имам слика ставено во соодветна тема и не ми се допага го зедов за 180ден мислам..Подобро од некоја парфимерија или било што за тие пари ке си купиш барем ке си го видеш во живо каков е..Сепак ти си знаеш најдобро
@blueeparadise, јас пак имам супер искуство со спрејчињата (збориме за оние од Naturals линијата, така?). Некои се ептен трајни, некои така-така ама сите убаво мирисаат. Јас би ти го препорачала тоа со слива и ванила, претрајно е и преубаво мириса, идеално за празничнава сезона која е пред нас Што се однесува до кармините, мене многу ми ги сушат усните и престанав да ги порачувам. Имаат убав и голем избор на бои, одлично се пигментирани и солидно траат но тоа што сушат им е голем минус. едит Кармините на Лукс ги немам пробано, но другарка ги користи и да, светат
Од спрејчињата сум задоволна траат солидно за тие пари. Најнов ми стигна од капина и ванила мислам беше фантазија е. Пред 10 години имаше јогурт за тело од капина и ванила исти мирис е. Го обожавав и тогаш.
Кармините ги немам користено затоа неможам да кажам ништо ама спрејчињата се тотална катастрофа барем според мене. Имам искористено неколку и трајноста им е едвај пет минути а голем дел од нив мирисаат и на алхокол.
Золва ми ја има..Има некоја средна покривност и убаво мириса..За тие пари мене ми се допага.. @Amaris
@blessed.an Средна покривност ми одговара и да не ми ја суши кожата, бидејќи е доволно сува. Ја порачав па ќе видиме како ќе испадне.
Блиску Влада се наоѓа, малце е скриено местото да кажам. Тешко ми е да ти објаснам каде е точно, ако некој знае од тука да објасни убаво нека пише. Или, најдобро јави се во контакт центарот да ти објаснат најубаво они. Еве ти контакт: AВОН КОЗМЕТИКС, Кукушка 8, 1000 Скопје, Македонија Телефон: 02 32 43 800 ; Факс: 02 32 43 801
Свиленкавата има поголема покривност наспроти магичната. Оваа на сликата е свиленкавата, моментално го користам третото пакување . Двете ги имам користено, свиленкавата подобро изгледа со бјути блендер додека другата е покремасна и е одлична за сува кожа но покривноста и е многу помала.
Девојки, ви благодарам на препораките. Бидејќи имаше понуда 3 производи за 279 денари, пусто срце јуначко не издржа па си земав две спрејчиња за тело, едното со кокос и карамбола, а другото со капина и ванила, @Winter Lady ми помогна колку толку во изборот, зошто не знаев кој спреј попрво да го земам. Како трет производ си земав пилинг за тело од јогурт и шумско овошје, не за друго, ама да не земам само толку спрејови. Првиов спреј има многу лоши reviews на интернет, ама тоа е сега, бидна, ќе го видам за некој ден.
Јас го имам добар е , кај мене и водоотпорна шминка вади како лудо. Јас поточно го користам само за очи. И да навистина многу печи ако влезе во око. Најдобар е , преубаво мириса. Не се ветрее брзо.
КАТАСТРОФА! Мириса ептен гадно. Еднаш го ставив и после неколку минути не можев да го издржам мирисот и си го измив лицето. Следно користење нема ни да има. БЉАК