Како сте задоволни од true color eyeshadow quad?Пигментирани ли се, лесно ли се блендат? Ја порачав денес сивата палета на невидено:/...Ама боите ми со допаднаа и цената беше океј 290 на попуст.
Јас ја имам Urban Skyline мислам дека се викаше и најновата кафена палета, сега може и виолетовата ќе ја земам се заљубив во сенкиве. Пигментирани се сенките, малку е доволно за да се долови бојата. топла препорака.
Во последно време се што порачав е жива катастрофа. Римелот никаков, креончето цело се искрши, едно спрејче за тело миризливо беше добро, другото кога го порачав ни мирис ни ништо. Едноставно квалитетот им станал нула. Веќе од Авон нема да порачам.
Девојки, жени, какви ви се искуства со Авон часовниците? Ми се допаѓаат два од тековниот каталог, а не знам за кој би се одлучила. Пишите искуства ако имате. Тенкс
Со конкретниве два сум немала, но сум имала со друг часовник од Авон. Го убив од носење. Секојдневен, лесен,со црна каишка беше. Како вториот модел имам ист таков само не е од авон. Кога го носев правев стави извади. Убав е, впечатлив, но е така да кажам тежок, т.е. го осеќаш на рака. Овој првиот ми е понежен, посуптилен, лесен. Зависи за што си. Инаку и двата се убави модели. Искуството за часовник од авон ми е од пред 10 год. Доколку сеуште се со ист квалитет, порачувај.
Ти благодарам за споделеното. Имам сличен како вториот така да сепак ќе се одлучам за првиот. Малку ми е само поради тоа тенкото ременче, се плашам да не ми "шета" многу, ременче да не го држи убаво стегнато тој металниот дел. Ама ај , ќе видиме како ќе се погоди.
И мене ми се допаѓа. Го ставам навечер на чисто лице, наутро ми е баш мека кожата. Ми мириса многу неутрално, речиси и да не му се чувствува мирисот.
Девојки мислам дека имаше една страна не беше наша но ги има каталозите на авон па ако некој знае како се вика да ми каже..? Или некој ако има к17 нека стави некоја слика.
@bella.s Јас го имав lagoon третиот горе и мириса препрееубаво, релаксирачко и освежително како чисто свежо. Јас го користев летен период ама зависи до вкусот кој каков мирис претпочита. Исто го користев и Garden of Eden и тој е преубав има посладок мирис ама гледам дека овде го нема во понудата. Инаку кој и да го избереш нема да згрешиш. Сега од тековниот каталог го порачав Mistique па чекам да ми стигне и ќе пишам импресии.
@bella.s, 3, 5- мириса на нежно и чисто, ненаметлива смирувачка арома. 4- ултра јака цитрусна нота ама за жал многу потсеќа на детергент за миење садови 6- пријатен женствен мирис кој дури потсеќа на парфем. 7, 10- богата топла арома, идеална за зимско капење 11- (не сум го користела, впечатокот ми е е базиран чисто врз мирисното катче од каталогот) специфичен мирис, остар и доминира маслиновото масло (мирис кој јас лично го мразам!)