Ако може некој збор за кремот и за гелот од nutraeffect? Видов во каталогот се на акција и сакав да си ги порачам, незнам дали ке ми одговара. И исто сакав да ве прашам и за сунѓерчето, дали сте задоволни и дали кога е влажно е меко и се зголемува?
@Rose96 минатото зимо го користев гел-кремот. Имам и јас комбинирана кожа, со мрсна т-зона која е поизразена нормално летниот период. За зимото ми беше добра, додека нели кожата ми е нешто по сува. На лето не продолжив да го користам.Дополнително ми ја мрсеше. А вака изгледа како доста лесен. Па од лани ми остана на пола,ама ми беше шубе да продолжам да го користам, оти подолго време стоеше отворен, па го баталив.
559 den e miceralna voda gel kremot i sekojdnevniot krem pa zatoa se mislam dali se dobri zatoa sto evtino mi se gleda za 3 produkti taa cena. Inaku i mene sega mi e posuva kozhata i gelot bi mi odgovaral ama kremot ne veruvam.
Тогаш и јас ги земав на некоја акција и кремот и гелот, изгледа во комплет. Ама кремот пак воопшто не ми одгговараше. За сува кожа би биле добри. На мојата шашава кремот светнуваше. А мицеланата вода е супер, ја користам. На почетокот ми пречеше мирисот , кој уствари воопшто го нема. Ама јас сум чудна за мириси, душкало. Па сега редовно ја користам за чистење, ја освежува кожата. Мислам дека портокаловата линија од кремовите беше за комбинирана кожа, ама не сум сигурна.
Зелената е ама во последните каталози беше 389 ден а за Авон не ми се дава толку пари хахах И затоа овие реков да ги порачам за да видам мислење. Гелот за овој период ќе ѓи одговара па ке ги порачам. Гелот и мицералната за мене а кремот ќе и го дадам на мајками. А сунѓерчето го имаш пробано?
Ептен убаво исцртува и е практичен. Баш пред некој ден го пробав и морам да го купам. Ќе ти пратам слика да видиш како стои. @duffi Производите од Авон имат рок на траење 3 год. нема врска ако се отворени.
Луѓе, си нарачав подлога за шминка од Color Trend, ама отпосле прочитав дека не им е квалитетна козметиката и дека е наменета за тинејџерки. Да не ја имате користено подлогата, ок ли е? Немам некои проблеми со лицето, чисто ми е.
Mislenje ili iskustvo za sinata cetka za cistenje lice od clearskin linijata.Baajgi e namalena 119den. pa se mislam dali da ja poracam.
@katalina го користам четчето поголго време, може и година дена, не се сеќавам. Убава е, секогаш на неа ставам некој гел за чистење на лицето. Кога почнав да ја користам ја комбинирав со млекото за лице од алое вера 3во1. Досега нема огрубено или дополнително омекнато.Не ја изгубила формата. Сите влакненца и се наместо. Ја препорачувам. Макар сега и да ј фрлам и купам нова за истата пари, се исплати. И јас ја порачав тогаш по некоја ваква смешна цена од околу 100-150 ден.
@duffi, @Winter Lady, ако може да ви се вмешам во дискусијата Точно е дека производите на Авон имаат рок на траење 3 години, но нели на секој производ засебно е нагласено колку месеци може да се користи по отварањето (пример- маскара 6 месеци, кармин 12, сенка 24, лак 36 итн). Е сега, јас лично нешто многу-многу не се водам по тоа зошто, како што ионака ептен ретко се шминкам, несерот ќе ми остане празен ако исџиткам се што го поминало тој рок на отварање но конкретно, крем за лице кој стоел отворен една година не би користела.
Точно така @Nausicaa ,сепак се работи за крем кој треба да го нанесам на лицето. Искрено ама ич не ми се ризикуваше и го баталив. Подобро да го фрлам, отколку да си направам дупло поголеми проблеми. Па и не е некој ултра скап, па да жалам по него. Подобро ќе купам нов , отколку после да не можам да го опоравам лицето и да фрлам дупло повеќе пари за нега на истото. Го чувам на ладно место, и во лето во купатило ни е поладно, затворен , уште во кутијката си стои, ама стварно не би . Подобро да жалам по парите кои сум ги фрлила, отколку по лицето.
Ја користев пудрата на колортренд онаа во прозирно паковање со бело капаче, но целото лице ми се нафрла со ситни мозолки, имам осетливо лице и не трпи секакви козметики па си мислев прво дека е до него па и ја дадов на другарка ми таа има чисто лице но и кај неа се појави иста реакција и од тогаш не сум користела ништо повеќе од таа линија на Авон, за таа цена не се воопшто квалитетни и можеш да најдеш сто пати подобри пудри и подлоги од другите брендови како Есенс,Римел,Мејбилин..