Кај мене на сите производи пишува 3 години, само на маскарите не се сеќавам. Иако како што знам треба 6 месеци за било која маскара. Јас лани изнакупив 10 тина и сите ми се отворени. Не сум алергична на ништо затоа и не се секирам многу оти ги користам.
@duffi, апсолутно се согласувам со се што пиша, од збор до збор! Карминот ќе се замириса, лакот ќе се подели, маскарата ќе се исуши или ќе се направат грутчиња но со кремата нема да знаеш се додека не ја ставиш на лице а после ќе биде предоцна. Не џабе рекле- подобро да се спречи отколку да се лечи @Winter Lady, ова е кутивка исто од Нутри колекцијата, само од таа со бадеми што е, најновата. Датумот на производство го гледаш, 23.09.16. Над него има едно како отворена кутивка со капак и во која пишува 12M. Тоа M доаѓа од months, во превод месеци и ни кажува колку време може да се користи кремот откако еднаш ќе се отвори Тој рок на користење варира од производ до производ и не е страшно ако се надмине но кога се кремови за лице во прашање, сепак мора да се внимава
Парфемов го имам,прекрасен е и претраен,претставник сум на Авон и доколку некој сака,го давм по цена од 350 ден (само парфем од 50 мл) или комплет парфем,лосион за тело и сјај за усни по ваш избор за 550 ден,
Од 07.02 почнува К3 Ја нема уште онлајн. Понеделник или вторник би требало да ја има веќе на страната.
Ставете слики кога ќе стигне, јас утре ќе ја порачам кафената со приспособлива рачка од фокусот, уште кога ја видов ми падна во очи.
@Anie93, конверторот од злоти во денари покажува 850 ден, ама некако не ми се верува дека ќе биде толку „пристапна“ цената
Јас лично премногу сум задоволна од златната и дневната на anew која инаку е за +25 ,брзо се впива и ја прави мека и затегната кожата
Кој гел од овие мириса добро, ко за сечиј вкус? Од сите Авон сенсес гелови што досега ги имам користено ги нема тука и затоа сум несигурна во изборот. Во план сум да правам пакетче со козметика, така што за подарок ми е.
@Оленка* Јас лично ги немам овие користено, но според тоа што гледам овде на што мирисаат, мислам дека овие двата големи се добар избор зошто се по basic, нежни, ненападни мириси, со кои тешко ќе погрешиш. Овие од страната не можам да ги видам баш, ама јас не би одела на некои потешки мириси, од типот на разни овошја, чоколадни или пак јаки цветни. Овие за мене ми се некои основни мириси, па и мене да ми ги купи некој ќе ми бидат океј, отколку да ми земат некој претежок мирис.
@Оленка*, 5. Garden of Еden - цветно и слатко, мириса на бомбоните со шумско овошје на Европа. 6. Citrus Zing- преинтензивна цитрусна нота, мириса на детергент за миење садови. 8. Indulging- богат топол мирис, дискретен и пријатен. 9. Heaven Harmony- не сум го користела но според тоа за грепкање, мириса на нежно, чисто и свежо.