Баш пред некој ден ја добив и сабајлево ја пробав за прв пат. Не знам дали уште не сум ја научила финтата, ама не сум нешто којзнае колку изненадена. Добро ги вади некои црнки, мислам дека е многу мало дупчето за вадење црнки и заради сјајноста на изработкаата, невозможно е да ја погодиш црнката на вештачка светлина. Само на дневна. Не ми ги исчисти сите црнки, јас имав проблем со неколку на челото што се минијатурни ама ми сметаат и привремено ми се воспалуваат и имам акни цело време на едни исти места. Треба да стиснеш малку повеќе и подолго за да излезат. Црнките на носот не можам да ги извадам. Имав неколку мали поткожни бубулици, со поширокиот дел излегоа без проблем. Се мислам дали да ја купам на ебелин, малку поинакви завршетоци имаат, ако не научам да ја користам оваа, мислам дека таа ќе биде следна. Земи ја, пробај ја, гледај туторијали на јутуб, може ти поспретна ќе бидеш со алатката од мене @i13dk
Јас го имам ова од Авон, а имам и едно друго што е исто како тоа од Ебелин, мислам Tweezerman дека беше. Со ова од авон и јас баш не можам да се снајдам, подобро земи го тоа на Ебелин. Сепак не ги вади сите црнки, но добра работа завршува. Пред да го користиш најдобро е да го испариш лицето за да се отворат порите
Го има во ДМ, мислам дека цената му беше околу 200, ама да не те излажам нека кажи некоја друга членка за сигурно
Јас ја имам и мене ми е супер. Јас со поголемиот отвор ги вадам црнките и сите ми ги вади,додека со помалиот ако имам некоја бубулица,а така и мислам во каталогот пишува која страна за што се користи. Првиот пат може потешко ќе ти иде после и ќе се навикнеш. Незнам како некој членки успеале со помалиот отвор да извадат црнки,ја нема ни да успеам да ја погодам.. Јас си најдов еден начин и успевам сите да ги истискам, поголемиот отвор ќе го поставам накосо со пола дел да допира до црнката ( не целосно да го ставам околу неа ) и ќе притиснам и без проблем се вади Се надевам ме разбра,зашо незнам како да ти објаснам поубаво Инаку го има некој розевото сунгерче? Јас го земав малото црно и супер си ја врши работата кога ќе се намокри е доста меко и поголемо..само некако кога го мијам е како лигаво и се лизга низ раце.. Мислев после неколку чистења ќе се опраи ама исто е..
А како се вадат црнките со тоа ? Дајте линкче некое ја неможам да укапирам од тоа што го пишува во каталогот
@Winter Lady еве за што станува збор од страна имаш и други видеа, што јас немам смелост да ги отворам @blessed.an На ебелин беше околу 260, а мислам дека марката ебелин се продава само во дм, пошто гледам дека е означена како дм марка.. @Maria.A ко што имам читано по блогови помалиот дел е за црнки, со малото дупче, тоа со жица и за црнки и за поткожни акни, не знам какви минијатурни акни имаш испукано со малиот дел Од отворената страна притискаш врз акна?
Женски дали некој ја имате Потхранувачката маскарата со арганово и кокосово масло, како сте задоволни? Планирам да ја порачам, ми се допаѓа ради кокосовото масло