И во каталогот е потемна, ама може од блицот е посветла како што рече @ocicka2014. Мене не ми се свиѓаше многу моделот и затоа си ја порачав кафената ем и поголема е А4 формат собира. А и за парите не вреди толку мислам, за толку пари и плус 200,300 денари во Дуки Дасо има голем избор.
Баш е сина девојки, не е со блиц ама на бело светло е сликана па малку е побледа од што е. Баш е Меланија, ќе видиш @joy1 , таман е )
Јас морам да ги пофалам новите кармини од Авон, True Color мислам се викаа, конкретно за Red Creme. Ставив само еднаш, без повторување, колку за проба, бојата ми се допадна, и после цела вечер ја лижев устата зошто ми имаше убав вкус карминот и кога се вратив дома уште имаше. Се обидов и да го избришам, не успеа, и на крај со отстранувач за шминка го тргнав. Искрено, очекував одма да ми се избрише уште кога ја излижав устата, ама не. Го препорачувам.
Јас го имам сега го порачав во каталогот што помина, некако многу дебело ми црта тушов, тој со поренкиот врв ми е поубав.
Го има некоја користено стапчето за отсранување на црнки и мозолчиња? Ќе може некој да ми каже како се користи ? Мене ми стаса некни но не знам на кој начин се острануват црнките дали со тоа округлото или ?
Црн ките се отстрануваат со тоа со дупче шо е,треба да ја погодиш црнката да ти биде во дупченцето,а тоа другото шо е како со поголема дупка служи за вадење на белите болчиња,се поминува над акната и пука ,има и видеа на yt така да можеш и таму да видиш
Како сте задоволни од оваа маскара?Дали убаво ги издолжува и разделува трепките? Одамна неам користено од Авон маскари оти последната што ја порачав многу брзо се исуши ама оваа ми фати око поради четкичката, а и не скапа 250 денари на попуст.Само дали вреди зделката. А, гледам од оваа линија има и збогатена со арганово масло, која е подобра?Или да се порачам некоја од Big darling/false lash линијата, тие некако најфалени се.