@blueeparadise @crazylady Ова од видеото е поразлично од тоа што го има во авон за порачка, другарка ми си порачала сет од интернет со повеќе видови на алатки за таа намена и ми рече дека најдобро се покажало тоа што личи на ова од видеото а дека она налик од авон воопшто и не го користи Јас го имам тоа од Авон и не чини. Крв од сите страни ми излезе а не и нечистотија од порите. Му дадов повеќе шанси ама не и не. патем, во орифлејм истава алатка кошта околу 600 денари, на ибеј ги има за 1,5 долар четири алатки
@Оленка* Две другарки ја имаат алатката од Авон и се задоволни, другарка ми ја користи само едната страна (таа пошироката) за акни и за црнки, треба минимален притисок врз црнката, повлекуваш надолу и ја вадиш. Убаво е пред тоа да го испариш местото од кај што ќе вадиш црнки, за да бидат отворени порите и полесно да излезат. Јас ја нарачав, па ќе пишам тука како сум задоволна. Инаку, да во Орифлејм е 680 денари. Не се нормални тие.
@blueeparadise Знам дека треба да се испари местото, и пробав со широкиот дел да вадам црнки ама не бива кај мене зашто јас немам темни, широки и (зреени) насобрани црнки, зашто многу им обрнувам внимание, многу се ситни и со мал притисок не излегуваат. Ако стиснам повеќе со поширокиот дел другите пори од околу се набиваат и по неколу дена на тоа место ми излгуваат акни. Мајка ми исто си зема оваква алатка и кај неа е сосем друга приказна, не се замара секојдневно многу околу црнките и општо за кожата, не прави пилинзи и слично па црнките и се доста видливи и одма и излегуваат и со широкиот дел. Многу проблематична ми е кожава, енигма права ми е, бетер од жена, оди разбери ја
Нова е, не би знаеле И јас сега си ја порачав, ја добив но уште не сум ја ставила на рака, инаку преубава е за око
@blueeparadise Oва изгледа мнпгу подобро го има на ebay за еден долар а ова од авон уште го немам пробано. Да го пробам па ќе пишам.
Ја нарачав и ми стигна првата со сребрена дршка што е, искрено ништо посебно, ги разделува но ни издолжува ни некаков волумен дава, за неколку часа како ништо да немаш ставено..
@Salome jas ja ja imam taa so arganovoto,kolku pothranuva ne znam,no mene mnogu mi gi slepuva trepkite,eden sloj i taka i taka,ama nedaj boze da povtoram,uzas..inaku dr.maskari sto imam od avon solidni se,ne se losi..
@L.i.n.a.a Леле немој да се излажеш да купуваш од спрејовите, јас купив пред некој каталог еден од кокос и карамбола и друг со капина и ванила беше мислам. Првиот воопшто не мирисаше, буквално ко со вода да се прскаш, а вториот прејако мириса на алкохол, после 5-10 минути ќе изветрее и мириса малку на капина, ама за максимум пола саат ништо не се чувствува. Единствено на облека се задржува подолго време, ама сепак преовладува мирисот на алкохол. Ако ти се да ја прскаш собата или постелнината како освежувачи ок се, ама вака за ти да се прскаш искрено не вредат.
Во претходниот каталог ја земав мицералната вода на нутра ефект. Имам мрсна кожа и ептен ми одговара, на неа пишува за сите типови кожа. Ја користам насабајле и навечер, со нејзиното користење скоро како нормална ми е кожата на лицето и покрај тоа што почнав и крема редовно да ставам за разлика од претходно кога избегнував заради мрсната кожа. Исто така ја пишува и за остранување на шминка, но сеуште ја немам пробано за тоа. 10-10 би дала за неа и дефинитивно оваа нема да ми биде последното шишенче од неа.
ЈАс го имам користено и искрено за тие пари супер е. Воопшто не ја суши кожата и шминката паѓа со него. После него нема потреба да ставаш крема за лице.
Мене никој од средствата за лице од Авон не ми се убави. И содржат потешки супстанции внатре, ризични се за употреба. Настрана од ова, средствата за нега на нозе се безвезни (како обичен крем), лосионите, кремовите за раце исти како во обична продавница, шампоните многу ја мрсат косата, итн. Добри се само дел од шминките и кармините и некои од парфемите.
Искрено освен креми за раце ништо не купувам од Авон од тинејџерски денови.... Некако Авон и Орифлејм ги надраснав..... можеби сум грешка но денес има далеку поквалитетна козметика од таа на Авон