Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Авон и нивната козметика

Дискусија во 'Лице' започната од lovely-girl, 15 февруари 2012.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се е индивидуално за креми и шампиони :)
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    Не би се согласила дека можеш да ги надраснеш има баш и за тинејџери и за млади и за 35+ работи. Имам секакви козметики користено, секој производ е индивидуален. Јас пример си читам состав, следам цени и си порачувам кога ќе видам дека е нешто квалитетно и вреди(според мене) :)
     
    На Nausicaa и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Можеби си од Авон, затоа нормално е да ги рекламираш.

    Ама воглавно имаат нереално високи цени, сите купуваат само на попуст, а ќе влезиш во ДМ, има милион поголем избор, со одлични цени и одличен квалитет.
     
    На Оленка* и joy1 им се допаѓа ова.
  4. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    Не сум од Авон само за инфо. :)
     
  5. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Но секогаш се е на попуст досега немам ништо купено по таа ненамалена цена :)
     
  6. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.539
    Пол:
    Женски
    Извини ама козметиката на авон е поевтина од таа на ДМ, што ги тропаш зелени.Во дм пудро под 500ден и да нема, а сум начекувала ЛУХ пудро и за 300ден.
     
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.425
    Пол:
    Женски
    Ниедна пудра од авон не ми се свиѓа а имам пробано 3-4.Најчесто земам накит и ташни.Ташни имам преку 6 од авон и сите се супер.Исто и парфемите и кармините.Лаковите им имаат убави бои ама не се квалитетни за таа цена ич.

    Мене денес ми стигна плишаната лиљава туника
     
    На Silver.E и Оленка* им се допаѓа ова.
  8. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Кремите за нозе имаат стварно добар ефект а шампоните даваат толку волумен и воопшто не ја мрсат косата.
    Ако имаш мрсна коса тоа е друга ствар.
    Задоволни ли сте од алатката за вадење црнки ?
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Дистрибутерка не сум, ама претежно користам козметика на Авон :) Реално, секоја козметика не може да им биде погодена на сите (пр. мене ми паѓа коса од шампоните на Нивеа додека други се колнат во нив) ама па клевета :P е целата линија да се окарактеризира како безврска и неквалитетна.

    Приметувам дека кај некој девојки постои некој презир и гледање од високо кон козметиката која се порачува преку каталог. И не само кон козметиката, туку и кон модните детали како ташни, накит, марами а зошто е тоа така навистина не ми е јасно. Марама или новчаник од Дуки Дасо (или Бершка, Зара, Страдивариус) се пречекува со „Ауууу, колку е убаво! Колку го зема? Лелеее а има ли други бои блабла?„ додека истото од Авон добива само едно „Аха...Епа со здравје да си го носиш.“, како да станува збор за второкласна, шкарт роба.

    Мене лично поголемиот дел од тоа што сум го пробала од Авон ми бил ептен погоден. Не се шминкам многу па не можам да коментирам за декоративната козметика ама затоа препаративната им е супер. Кремите за раце и стапала се фантастични, шампоните и геловите за туширање се одлични, кремите за лице исто се исто доста солидни. Big Daring е прекрасна маскара, самоостечките моливчиња не би ги менувала за ниедни други, Лукс пудрата е идеална за сува кожа како мојата. Кармините пак не ми се ич погодени- ненормално добар и широк избор на нијанси ама па страшно сушат. Лаковите се hit or miss, одличен избор на нијанси но некој се добри, некој не баш. Од сите парфеми кои сум ги порачала, само од Incandessence не сум задоволна. Единствени обетки од кои не ми отекуваат ушите се оние на Авон. Мајка ми уште користи нивен паричник, купен пред можеби 4 години.

    *****
    Се спомнаа цените. Во К3 шампоните беа 79 денари, геловите за туширање 69 денари. Освен можеби некои од брендовите кои се продаваат во Кам, каде има толку евтини производи? Нивеа, Гарние, Пантен и Дав чинат два, па и три пати по толку. И Балеа, кои важат како моментално најевтини драгсторски бранд кај нас, се поскапи. Во К3 имаше понуда 2 производа за 250 ден а понудени беа кармини, сјаеви за уста и лакови. Во Дм, со исклучок на линијата на Ессенс, ретко кој кармин е под 250 денари.

    ******************************

    @Silver.E, Дм важи за поскап маркет во споредба со останатите. Нормално дека ако ти треба нешто од нивните брендови ќе влезеш кај нив но ако работата е за купување поевтино, подобро види Космо за шминки а Тинекс, Веро за се останато.
     
    На crazylady, duffi, CirezD и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    Кои лакови точно? Јас имам и сум презадоволна цела недела не ми се избриша ич а сто пати се измив :)
     
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.425
    Пол:
    Женски
    Сите лакови
    Се бришат уште истиот ден кај мене
     
  12. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Не се најдобри,но не се ни најлоши.
    Моливчињата за очи,веѓи си се на место.Слушам луксот е доста фален,јас немам ништо нарачано до сега,но во иднина зошто да не.

    Во К3 ли беше,сега брзо нарачав од новиот кармин,па ќе видам,не очекувам не знам што,само да не ми ја суши устата.
    Задоволна сум и од мицералната на нутри,лесна е.Исто,парфемите-линија ТТА,тешка нота,навистина им вредат.

    Лакови,накит,креми,шампони-џабе потрошени пари.

    И нешто што ме вади од такт,спамирања и нудење членство.
    Не знам каква политика имаат Авон,ама дел од претставниците кои ги познавам се боже сачувај|(додека пак другите се навистина на место,е кај такви со мерак нарачувам.:D
     
    На katalina, CirezD и Acka22 им се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Иако немаш култура, ќе ти одговорам.

    Пудрите во Авон се околу 600, 700 ? Чекаме попусти да се спуштат на 400 ?
    Ама пудрите од Авон се како калива вода, воопшто не личат на пудри.
    Немаат никаква покривност, не се сјајни, не се размачкуваат убаво, самата структура - состав им е катастрофа, ако имаш акни или нешто - ги потенцира, не ги сокрива, имаат слаб избор на нијанси, а и нијансите не се тоа што мислиш кога ќе стигнат, немаат некој посебен мирис, амбалажа и сл.
    Ја фалев порано само Luxe, ама и таа како да ја расипаа.

    Во ДМ имаш огромен избор на пудри, стално нешто е на попуст, имаш огромен број на нијанси, тестери и можеш најидеално да си избериш пудра.
    Дури и поскапа да е дупло, ама барем 100 пати повеќе вреди. А, пудрата е нешто во кое вреди да се инвестира во шминката.

    *****************************************************************************************************************

    Ај, да бидам малку попрецизна за дел од Авон, од сопствено и туѓо искуство:

    Крем за пети - цени околу 300 ден., на попуст се околу 120 ден. Обични кремови, не даваат лекувачки ефект, туку само освежување.
    Во Зегин имате крема за пети др.Тајс, 203 ден. чини, и помага и лекува на најтешки случаи со петици (посебно оние кои имаат дијабетис и оштетени петици знаат за какво оштетување станува збор). Значи кремот на др.Тајс е огромен мелем и број 1 на пазарот.

    Шампони - само шампонот за волумен држи вода, сите други многу ја мрсат косата. Оние кои имаат екстра суви коси, можеби ќе им се погодат.
    Натуралс шампоните ти бегаат низ прсти кога ставаш, како да е разредена вода, а не шампон.

    Лаковите - нема некој кој се нема пожалено, а така и јас. Тешка катастрофа се, одма се лупат и не се нијансите тоа-тоа што го гледате во каталогот.

    Ташните - изгледаат убаво, држат цена малку повисока (по мислењата на повеќето жени). Дел се фалат, дел се жалат, зависно на која како и се погодила и дали ја носи често или не.
    Јас преферирам ако давам над 1000ден за чанта, да си ја видам во живо.

    Накитот - мене цел ми потемна/позелена, а го носев ретко. На другарка и потемна часовникот, а на друга и се расипи и не и примаа рекламација (а, нели даваат 1 година). На друга другарка која нарача привезоци (немаше димензии во каталогот) и стигнаа премалечки, помали од 1см., и многу се разочара.

    Облека - нарачуваше другарка, се е полиестер и синтетика, на слика се преубави, во живо се јадни.

    Сенки за очи-руменила - неколку другарки сме пробале - не се пигментирани како што треба.

    Кармини - сме презадоволни, само тешко се погодува нијансата. Посебно на целосните слики со манекенки додаваат некои ефекти и изгледа бојата попривлечно.
    Значи нијансата е проблем, иначе се супер.

    Лабела - не хидратираат.

    Сјаила - зависи кои, ама има одлични.

    Четки за коса - добри се, ама не вредат толку за парите, може да се малку поефтини.

    Парфемите - сите се трајни, одлични се. Исто така и спрејовите и малите ролонови, супер се.

    Антиперспиранти - катастрофа се, не држат и оставаат многу бело.

    Лосиони за тело -просечни како и сите, ама не хидратираат убаво како Нивеа и Дав.

    Спрејови за тело - чист алкохол.

    Од поскапите кремови за под очи - никаков ефект, скроз промашено.

    Антицелулитен крем - преубаво мирисаше и се впиваше, ама нула ефект.

    Друго не ми текнува.

    ************************************************************************************************************

    Иначе ДМ мене не ми е скап, има голем избор, разни цени, секогаш имаат попусти, има многу тестери, плус имаат здрава храна, средства за домаќинство, а посебно е што имаат веганска козметика (што мене тоа многу ми значи).
    Самото пазарење внатре мене ми е убаво, и ако е поскап за некој денар не ми е проблем, зошто уживам во самата услуга.
     
    На m.i.g му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Mene prednost vo avon mi e sto katalogot mi stignuva doma i mozam na raat da prolistam i da izberam nesto,inaku po dukjanite tesko so malata da me ostavi da biram..karminite mi se super i nekoi maskari ili od crnite molivi za oci..nekoi od parfemite se ubavi..nijansite im se razlicni vo zivo pa zatoa obicno baram recenzija,nekoe video, pa taka si biram..no pogolem del od kozmetikata ne im ja bendisuvam..za tie pari i jas si naogam poubavi stvari..
     
  15. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.539
    Пол:
    Женски
    Во секој каталог некоја пудра е намалена и помалку од 300ден има. На пример минатиот катаог си начекав пудра калминг ефект за 259ден каталошка цена. Плус попустот ми дојде 230ден.
    И можеш колку сакаш да зборуваш за инает дека се вакви дека се такви нспротив мене ми се супер!!!
    Еве земав пред пола година од дм на попуст пудра на Мејбилане за 560ден. Ефектот беше ист како на оваа од авон за 230 што ја земав само штто е дупло поскапа па и повеќе.
    Значи не ти држи вода муабетот. И ако имаш бубулици само пудра над 1000ден може да помогне зборувам за нормални лица, просечни што би се рекло.
    А не ми е јасно што мирис сакаш пудрата да има. Пудрите на авон си мирисаат баш како што треба - на пудра, еве нека кажат и другите членки.
    А амбалажата каква теба да биде???
    ГОспод да чува само нешто да се пише да се најде мана. Да не сакаш гол маж да има на амбалажата (човечештосекрсти).

    Во ДМ стално попуст?
    Да пудри од 800, намалени на 720 дај ти се молам...

    **********************************************

    Крем за пети- и јас не сум нешто задоволна ама имам нормални стапала. А некој кој има проблеми нормално дека ќе си земе лекови а не козметика.

    Шампони - мене ми се ок и воопшто не се мрси косата од нив а не се ни течни. Сакаш да кажеш во шампонот за волумен има вода а во другите што - зејтин ли?

    Лаковите - не сум задоволна брзо се лупат

    Ташните - се врв. До сега не сум слушнала некоја лошо да рече нешто можеш само ти тоа од инает,

    Накит - јас не познавам некој па и лично мене да ми потемне нивниот накит. Го отепав од носење имам парчиња од пред 2 години мака немаат освен ако вие не се бањате со него!

    Облека-немам порачувано. Не ни порачувам од нет облека бидејќи имам специфично тело.

    Сенки за очи- супер ми се. Сите мои поблиски другарки ги користат нивните сенки.

    Кармини - тешко си погодувам и јас нианса, затоаа постојат тестери

    Лабела - не сум порачувала,

    Сјај - ок се

    Четка за коса - знаеш зошто цените им се вискои? Бидејќи четка за коса и за фенирање ги користам веќе 8 години уште беа црвени. Да добро слушна 8 години и ќе одат уште толку ако не ги сменам.

    Парфеми - за тие пари супер се. На наш пазар за тие пари само Ц-ТРУ и БУ има ама тие ги направиа катастрофа не се како порано така да авон ми е најдобриот избор кога стануива збор за парфеми.

    Антиперспиранти - немам користено,

    Лосиони за тело - хидратација одлична,а многу поевтини од ДоВЕ или НИВЕА

    Спрејови за тело - одлични за летно време да си носиш во ташна и да си се прскаш и да си мирисаш на подвжно овошје. Јас не знам што сакаш ти за 80ден?

    Од поскапите кремови за под очи - немам користено бидејќи обично се +35? Ти од лично искуство викаш промашено? Колку години имаш?

    Антицелулитен крем - јас не познавам таков крем од кој има резултат па и 2000ден да го платиш,

    ***************************************************

    Во ДМ кога пазарувам се осеќам како криминалец. Или некоја тетка ме набљудува или обезбедување и не ми е ич пријатно затоа го избегнувам.
    И цени имаат качено +30-40-50 ден од другите маркети за другите работи.
     
    На macence123*** и CirezD им се допаѓа ова.
  16. My Make Up Bag M

    My Make Up Bag M Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2016
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    20170227_115823.jpg Ова се производите од Авон кои ги нарачав во последниот каталот. Кармините се одлични ,и сјајчињата исто само што некако боите на сјајевите за усни во каталогот поразлични некако беа а шифрата е иста. Дали ви се случило тоа до сега или кај мене утка наравиле?
    Останатите производи сеуште ги немам испробано ама на прв поглед ми се допаднаа.
     
    На Mishela, crazylady, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    @ocicka2014

    Се однесуваш како да си газдарица на Авон.

    Јас сакам квалитет, добар мирис, добра амбалажа, значи сакам цел пакет од производот. Ќе дадам пари плус, ама сакам да уживам во производот.
    Разлика од 100 денари не ми се проблем.
    Да не ме сфати некој погрешно, и кога сум имала и немала, сакам помалку ама квалитетно, отколку многу ама чкарт.
    Подобро еден спреј од Викторија, еднаш прскаш и уживаш, него 10 кутии спрејови алкохол од Авон.
     
    На buba4e89 и m.i.g им се допаѓа ова.
  18. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Мене лаковите ми се покажаа многу добро и трајни ми се, зависно од бојата, некој подолго ми стои од другиот.

    Генерално, од Авон сакам шминка, ми одговара, освен пудрите дека немам пробано ниедна, освен камена која се уште ја користам.

    Планет Спа линија ми е убава.
    Маски и пилинзи за лице посебно

    Имам неколку парфеми, последниот ми беше ТТА bloom мислам и баш е траен.
    Генерално не сакам каталошки парфеми, ама и јас мислам дека Today колекцијата е убава и со постојан мирис.

    Е не сакам креми за лице од Авон, содржат многу алкохол.

    Advance tehniques линија за коса е убава, многу подобра од другата naturals, која не би порачувала.

    Преценета се и прескапа е облеката и обувките мислам.

    Авон посебно сакам бидејќи се ми убаво мирише. :)

    Да може да се најде замена на Авон - може.
    Да може да се најде и подобро - може.
    Ама и јас сакам каталози да разгледувам, ама па од друга страна некогаш и не сакам бидејќи сакам нешто во живо да видам. Љубов - омраза односот :D

    Ама кога ми нешто одговара го користам оти зошто на пример да барам моливче за веѓи поинакво ако тоа ми одговара, па додека го погодам итн.
     
    На Rose96, Mishela, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  19. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.539
    Пол:
    Женски
    Не сеоднесувам како газдарица, дури и не сум член.
    Само сум реална.

    И не ми кажа за амбалажава и мирисот на пудрите какви треба да бидат?
     
    На macence123*** му/ѝ се допаѓа ова.
  20. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    3.480
    Секој си има свои барања од одреден производ, ако и реплицираш на секоја нејзина лична забелешка мислиш дека ќе ја разубедиш ?
    Luxe пудрата мене ми е омилена во ефектот кој го дава, но мирисот на цвеќиња кој го има некогаш ми смета и ми солзат очите.