Повторно јас Се одлучив за таа со смирувачки ефект. Се одлучив и за нијанса. Ја зедов старата и споредив. Таа ми е по бела а бргу црнеам и Алмонд за летово супер ќе ми биде. Ако ми треба понатаму и бронзер ќе земам. Туку за сенки за очи се одлучив. Само незнам какви. Во тековниот каталог се мислам за последните, ама што знам Или пак да земам некои социјалки, па понатаму да си земам саглам сенки. Оно со тие пари можам поубави да земам, ама овде немам од каде. А за во друг град којзнае за колку време ќе отидам... Маки, пусти женски маки!
Таа со смирувачки ефект е секако подобра,ама јас не би избрала ни едната ни другата.Имав можноста да ја пробам таа со смирувачки ефект,и незнам како е кај вас,ама на моето лице изгледаше грозно.Не ставив многу,напротив,многу малку и ми се познаваше премногу,како дух,бев како мртва,и имаше како лушпички некои на лице.Оваа 4 во 1 меџик ми е идеална засега.
Па само 30 ден. се разлика. Ај да не правам циганска работа ќе си ја порачам мечик на крајот. Мора да е убава. Поскапичка е ама ќе си ја порачам. Ајде утрото е попаметно од вечерта
за лицето не треба да се земаат работи на своја рака.најубаво е да посетиш дерматолог да ти препише терапија. Спојлер јас се убив давајќи пари за хлоракол а немаше никаов ефект,као најдобар бил
Го користи некој овој кинески пис оф шит виткач на трепки? Го земав мислам лани од каталогот, ни за играчка не го бидува, воопшто не витка. Има некој задоволен? Само мојот е дефект? Поџабе ми седи во фиока
Jaс го имам користено овој лосион,и се уште го користам,особено овој период кога повеќе сме изложени на сонце,па поради тоа ми се појавуваат мозолки по тело,на грб по 1-2 на месец.Ама јас си го користам понекогаш и задоволна сум.Како што кажа и веки,ги суши и полека исчезнуваат.Го користам и лосионот за лице,од истата колекција само за лице.Досега,никој од производиве на клирскин,не ме иневерил,супер се. Значи не се работи за лице,туку за тело.Конкретно колаче праша за тело,гел за туширање е.И да,на авон производите се клинички тестирани,и се согласувам до некаде со тебе дека не треба да се шљапа се на лице,ама овде се работи за средство за отсранување на мозолки,и е наменето за младешка кожа каква што има и девојката која побара помош. Искрено јас не сум видела ништо вакво во авон,иако две години сум претставник,и редовно ги листам каталозите,дури знам и кој производ на која страна се наоѓа.Ама во однос на тоа дали само твојот виткач е дефект или пак сите се наквалитетни,мислам дека може да има утки во пратката.И јас имав порачано два лака,од оној против лушпење на ноктите и првата пратка беше катастрофа,целосно се лушпеше од нокотот,како коропки.А во наредната пратка,беше одличен.Не се лупеше и поквалитетен беше.Така да,мислам дека има врска и пратката,можеби дефект ти го испратиле.Ама пак затоа,можеш да побараш рекламација и ќе ти го вратат.
Повеќето производи кои ги имам користено од Авон не ми биле по кејф, освен парфемите, кои им се добри според мене. Инаку незадовлна сум од перлите, маскара имам користено, сенки за очи, тушот во форма на фломастер , гледам некои го фалат ама мене не ми се погоди.. Ама на секој иста козметика не му одговара... И упорна нарачувам, и си кукам.. Спојлер
девојки ајде малку помош Минатиот месец се зачленив во Авон и си мислев нормално како член дека ке имам попуст ( набавни цени) како во орифлем е арно ама јас имав порачано само една маска за лице од 134 денари а пријателка моја околу 780 денари и кога ми стига фактура се треба да платам по цена од каталог + трошоци за каталози ддв и усте др глупости и излегува некаде + 250 денари да платам. Финтата било ако направам порачка над 1500 ден имам 15% попуст, а јас имам 1484 денари и сега толку треба да платам. Ај ако може некоја феминка нека ми пообјасни како иде оваа работа дека многу се разочарав ов Авон
Кармините им се благо речено УЖАС! Буквало сите, од најефтин до најскап, по 15 минути најмногу се собира на устата и изгледа грозно Џабе фрлени пари.
Е сега ај вака ќе те замолам преку ЛП ако сакаш да ти помогнам,зошто не те разбрав баш најдобро.Веројатно имаш грешка,зошто обично некои поевтини производи се со услов,па можеби не си го исполнила.Ај те молам преку ЛП да ми пишеш што,како точно,и која кампања за да можам со сигурност да ти одговорам. Незнам зошто си имала такво искуство ти.Или си пробала некои од колор тренд,или пак во тебе е проблемот.Можеби многу ти се суви усните,па затоа ти се собира.Незнам,јас имам користено неколку и супер ми се.
Ја има некој користено оваа камена пудра? Две се во иста амбалажа, оваа е таа со проѕирна формула која се приспособува на секаков тен, а оди само во медиум нијанса. Не ми е потребна голема покривност, ја сакам сега за во лето да не ми свети лицево, ке ја користам со ББ крем. Некој?
Мене ми се свиѓа колекцијата Planet spa. Ја имам користено оваа маска за лице и многу сум задоволна, исто и гелов за туширање го имам користено исто и од него сум многу задоволна, единствено што се малце поскапички