Не и реплицирам само јас и она го прави истото. Далеку од тоа дека сакам да ја убедам во нешто. Ни јас нејзе ни она мене. Само и поставив прашање и чекам одговор.
Го има некоја користено коректорот на Luxe, дали се истакнуваат линиите под очи како другите од авон? го гледам во к4 е 160 ден, па и да го земам си викам ништо не губам А маската од planet spa со глина? Инаку оваа новата линија mark ми се се исто како и обичните предходно, само дупло поскапи.
Ja ima nekoj koristeno maskata za lice na Planet spa od bel caj i peel off maskata od zen sen, da spodeli iskustvo?
Јас моментално користам гел за миење лице од бел чај и исто така пилинг за лице од бел чај и сум задоволна. Исто така имам и маската peel off женшен и сум задоволна. Како што кажав мене ми се овие Планет спа, за лице посебно, сите погодени, дали од мртво море, дали бел чај, женшен, мислам нема да погрешиш со нив. Си ја вршат работата супер.
Не знам зошто толку одбивност кон каталошката продажба. Крај краева секој купува тоа што мисли дека му одговара. И јас можам да ги пофалам Планет Спа. Се што сум пробала од нив сум продолжила да го користам. Омилена ми е маската со минерали од мртвото море.Го чисти и освежува лицето. Путерите се исто супер, плус имаат прекрасно пакување, кое е фенси и практично. Од производите за нега на пети ги имам користено скоро сите со салицилна киселина и не можам да се пожалам. А имам суви и проблематични пети.Турпијата со 4 страни супер си ја врши работата, плус имаше некоја смешна цена. А доаѓа како 4 турпии во една. Е од лаковите не сум задоволно. Ми се лупат веднаш и го губеа сјајот. А имам една купа порачано. оти имаат преубави бои.Скоро сите ги пробав и гел и обичните, ама за моите нокти не се. Од кармините од нешто сум задоволно, нешто не. И од нив скоро од сите линии имам по нешто. Нај многу ме разочарале Луксот, можеби оти многу очекував.Останатите за цените кои ги имаат се сосем солидни. Имаат преубави бои и секогаш се со новитети. Сега почесто порачувам накит, оти од козметика скоро се пробав. Немам непто носено долго па да кажам дали поцрнува или менува боја. Ама се што имам до сега си е во супер состојба. Не ме разочарало ништо. Облеката им е прецената со цени, тоа немам ни намера да порачувам. Е најомилени ми се Advance tehniques, линијата за коса. Маската и шампонот во црно пакување ми се најпогодени од се што сум користела за коса. Посебно маската за коса. Ја прави многу мека и сјајна и лесна за пеглање. Кремовите на Нутра ги користев еден периот ама не беа за мојата кожа. Гелот со алое 3во1 го користам редовно за миење на лицето. Исто и мицералната вода супер ми одговара. Толку. П.С Не сум претставник.
Јас го користам, не остава никакви траги, има супер форма, течен со четкичка на вртење и потоа само натапкувам со сунѓерче или прсти и таман е. Ја имам посветлата нијанса, супер е и за дневни и за ноќни шминки. @oblace1 Планет спа од бел чај е совршена линија, посебно гелот за чистење на лице, многу нежно мирисаат и имаат моментален ефект. Од гелот кој впива и дава мат изглед, на прво миење се гледа разлика
Јас ја пробав Luxе пудрата затоа што сестра ми се колне на неа, затоа што не е покривна и и е лесна на кожата (вика како да немаш ништо), епа и изгледа како да немаш ништо, апсолутно ништо не покрива и за 10 минути ја немаш од кожата. Еве сега ми е при крај и едвај чекам да се вратам на мојата Rimmel Lasting Finish, ако е 150-200 денари поскапа, дупло помалку производ ми треба за да се нашминкам (значи 2 пати подолго ќе ми треба да ја потрошам), плус што е долготрајна и има добра покривност. Никогаш не би ја променила. А авон имаат добри кармини, одлични. Ама и golden rose имаат, плус се поефтини, и полесно ми е да влезам во продавница и да си изберам нијанса.
За мирисот - сакам да има поднослив, убав мирис (ако не ми е убав мирисот ми пречи лично мене, не можам сама да се поднесам. Обичен крем за раце ако не ми мириса убаво, не го сакам). За амбалажата - љубител сум кога ќе видам иновативно, креативно пакување, истовремено функционално. Пример - лабело во Макаронс колачиња. За пудра - сакам да е во стаклена амбалажа, стаклото е здраво и хигиенски, гледам колку пудра има внатре, со одзгора стегање, и да дозира нормално. Не знам како да ти коментирам на ова, еве Кока Кола го има заштитено своето шише. Значи амбалажата на вистинските љубители на козметика мислам дека им е битна и им игра улога. Гледаш дека производителот освен за квалитет се потрудил и убаво да ти го спакува, а тоа ние го цениме. Погледај блогерски страници, кога се дава рецензија освен за квалитет, редовно се коментира и амбалажата. Ова е за мене, а не за тоа какви треба да бидат.
И уште не можам да сфатам, што им фали од ова на пудрите од авон. Бататали П.С. Лабело во Макаронс колачиња-функционалност па и хигена-ШО ДА ТИ РАСПРААМ!
Има ли некој искуство со Pur Blanca парфемичињата? Онака за секојдневно прскање ми треба, па ме интересира трајност ?
Јас го имав белиот на Пур бланка ама ич не сум задоволна. Трајноста така-така,ама многу грдо мирисаше и беше премногу јак. Другите ги немам користено не знам како мирисаат. Баш видов дека има нов од Пур бланка.
Јас ги имам сите три и белиот и плавиот и розевиот. Трајноста им е солидна за тие пари, по некои 3-4 часа траат. Мене лично оној со белото капаче мислам дека е pur blanca elegance ми е омилен за летен период, преубав свеж дискретен мирис, го препорачувам. Белиот е и по малку јак, како што кажа членката над мене ама сепак не е толку лош. А розевиот исто така има некој летен цветен мирис и ретко прскам од него, не е којзнае што. Се на се ок се за тие пари.
Од се што сум порачала од Авон сум задоволна. Имам мат кармин, лосиони за тело, гелови за туширање, креми за раце, креми за лице, интимен гел, моливче за уста. Еднаш ја пробав течната пудра Luxe (имав мал тестер), ама не сум задоволна. Лицето ме чешаше.