Го има во К5, Ако го купиш парфемот тодау кој е 850ден, можеш да го земеш лосионот за 89ден. Редовна цена му е 450ден ако не сакаш парфем.
И јас го имав белиот на Пур Бланка и ми беше одличен траен мирис, неколку пати си го нарачував. Додека братучедками го имаше плавиот а тој ич не беше убав.
Женски, како сте задоволни од спрејчето за тело од бадем и лилија? Во каталогот има сет од лосион за тело, гел за туширање и спрејот и ми делува исплатливо да си го земам. Вака убаво ми мирисаат, ама не знам колку се добри.
Јас имам неколку, сите се океј, не сум наишла на проблем, еден ми е омилен кремасто-сив надворешен со цела цветна внатрешност, го убив од носење
Имам јас два порачано еден темно виолетов другиот црн со кафено. Темно виолетовиот скоро година дена го носам и уште е како нов, а тој црн со кафено мајка ми го носеше до скоро, ама ептен одамна и е може 3,4 години има па и повеќе, не е скинат сеуште само кафениот дел се излижа бидејќи плишен е.
@L.i.n.a.a Јас го имам порачано оној што е како стик (ако мислиш на тој) ,па кога ќе ми стигне ќе ти кажам како сум задоволна.
и јас ја земав, ја износив 3 пати веќе, пофеноменална ташна немале до сеа )) плус за во канцеларија ја товарам прилично, издржливост пресилна