Трајни се, вториот е понежен Black е класичен, средно јак, sequin е нежен и пролетен, весел ПС.ако се одлучиш за sequin пиши ми порака, го имам на попуст
Што се однесува до мене, Авон не е воопшто квалитетна козметика. Многу од работите кои што ги нудат им се преценети и имаат набилдано портфолио. На пример маскара која што во Авон чинеше 400+ имаше ужасен резултат за разлика од некои други кои чинат помалку а се фантастични и вредни за секој денар. Друго, козметиките што им се за лице, барем на мене ми го прават катастрофа! Така да , според мене корист имаат само оние што се зачленете и што ве убедуваат дека производот е ,,фантастичен,, !!
Просечна. Добра за освежување на лице, рутински, се вади целосно како селотејп се одлепува и чисти површински прашинки собрани од дневно движење нежна е и убаво мириса има и како гранулки ситни во неа, ама освен освежување нема друг ефект. Иако и таа и е мислам и намената, чисто ревитализација.
Дали и овај серум за лице е повлечен? Јас сум малце late to the party дури сега ја најдов рецензијата на босанскиот блог и ептен ме заинтересира веднаш отворив да го побарам во каталогот но го нема, не сум во тек баш, како што вадат нови производи така и ги снемува
Го има ова уште Ќе го има во К6 само со изменета амбалажа, цена 259 ден. само маслото, а во комбинација со крема заедно од истата линија се 579
Фала ти многу, во најновиот каталог K5 не го видов или ради новата амбалажа ако до толку не го заприметив
Може некој да ни даде рецензија околу новиот парфем Little Sequin Dress ? На интернет не најдов никакви информации поради тоа што е нов, на фрагрантика пишува само за составот (тропски ноти, овошни ноти, дрвени ноти, бело цвеќе и слатки ноти) и дека потсеќа на Roberto Cavalli - Exotica. Доколку некоја феминка го има, ако може да ни сподели импресии
Многу сум тапа за објаснување мириси Ај да пробам да ти доловам, нешто измеѓу класика и пролетна нежност. Не е ниту јак, ниту преслаб држи некој баланс на тема јачина. Асоцира на чисто, ново, убаво. Не е многу дискутабилен на пример ајде да речеме како far away-от. Имам презадоволни клиенти, а мене ми е одвратен. Овој некако е океј за повеќето носеви. Трајноста, па што знам го нанесов пред работа, после 3-4 часа беше на мене сигурно. Скроз е компатабилен за периодов. Од dress-овите мене ми нема лош така да и овој спаѓа во категорија - добар е за парите
Ме интересира дали е класичен Авон мирис, оти повеќето парфеми на Авон содржат некоја сличност.. Дали е нешто „веќе видено“ или не.. Сигурно сега овој период не може да се заклучи точно тоа повеќе во лето, ама ме интересира и дали гуши кога ќе го прснеш. Сакам да го земам сега за кога ќе се затопли само ми е страв да не е премногу јак, јаки парфеми не поднесувам. Far Away го имав, за мене тоа е „отров“, нека ми извинат љубителите ама премногу е силен и премногу сериозен за мој вкус, LBD од друга страна од фустанчињата го имам користено најмногу од сите парфеми и тој ми е некако премногу сериозен, тежок парфем. Барам нешто по суптилно, разиграно, овошно, свежо, весело и да не гуши
Според мене баш типичен авон мирис Исто и мене воопшто не ми се допаѓа. Да не кажам грд ми е мирисот, не знам како да го објаснам.. Али секој со свој вкус нели. Кога веќе бараш нешто овошно, весело и пролетно, а да не те гуши. Би ти го препорачала ова: Иако е тоалетна вода, стварно трае доста Нежен, свеж, за пролет-лето идеален баш таков како што бараш мислам дека е овој А, и цената не е воопшто висока. Максимум до 500 ден. Во глобала се движи 300-400 ден. Само ретко го има низ каталозите. Види го исто и Summer white sunset, и тој е многу убав за пролет-лето.