Јас имам наочари. Добри се, не се лоши.Цврсто делуваат. За гледање нормално не можеш да ги споредиш со РБ,ама сепак супер си ја вршат работата. Плус имаат солидна цена, а сметам дека се подобри од пазарските цвикери.
Исто, отров и те каков. Не гуши овој ама како што пиша девојката под твоево мислење, се сложувам, овој кој ти го предложи, малите цитрусни, посебно summer white/sunset и слично се скроз се полесните мириси. Од фустанчињата црвениот ми е омилен и најубав. Во тековната брошура полесни и разиграни се: scent essence, femme, на страна 83 summer, BE мирисите (пишува состав до сите) и silky спаѓа во таа категорија ама е лесен но благ, не баш овошкаст.
Јас имам два пати порачано и едниот пар ми има стигнато во преубава опаковка за наочари, а другите во обична торбичка како што ја стави Duffi.
И јас сум задоволна од наочарите, само @macii7 работата е дали ќе ти се погоди големината. Јас неодамна за прв пат порачав наочари вака на невидено, од каталог, димензии мерев според наочари што веќе ги имам и тука беа приближно. Супер ми се погоди и големината и формата. Арно ама, другарка ми кога порача пред некоја година, испаднаа да бидат поголеми, и паѓаа, башка бели рамки, па беше како мува (што би рекла самата ).
Производот е океј ако имаш живци. Тоа жолтото кога го нанесуваш имаш чувство ко да се стега кожата, а тоа другото нема некој ефект. За повидливи резултати треба упорност во рок од недела до недела и пол има намалување е јас тука престанав да го користам.
Да истата формула е само нова е амбалажата . На сите производи им се менува овој период. Јас сум член веќе 5 години во авон па да си кажам.
Дааа базатаа е предобра , кармините 3Д , путерот од какао исто. И новите амбалажи се добри и цената топ
Јас сум задоволна општо од сите кармини од Авон. Ги имам користено и мат и оние од колортренд и longlasting или долготрајните. Мат кармините иако нели мат, воопшто не ја сушат устата, имаат добра пигментација и имаат супер избор на бои и нијанси. Големо да за нив. Колор тренд гледам повеќето ги одбегнуваат производите но кармините им се доста солидни. Имам можеби 4-5 од нив и се доста добри. Немаат многу нијанси но имаат различни бои, розевкасти, лилави... Понекогаш ми се чини дека ги има и на попуст. Долготрајните исто така ми се допаѓаат. Не се мат и одбегнувам нанесување на лабело пред да ставам кармин затоа што мене ете ми се размачкува така. За долготрајноста ќе кажам само дека сигруно не траат 8 часа но во секој случај се доволно трајни со оглед на тоа што не се мат.
Мат кармините ги земав на попуст - 230 денари, а цената им е 400 денари. Подобар кармин не сум користела.