Да сликне некој нешто од новиот каталог што почнува на 11.04.посебно делот шминка и попусти ако не ги мрзи и има вишок време? Фалимендерит.
Ја имате ли пробано новата четка за исправување на косата и како сте задоволни ? Дали навистина не ја оштетува косата, сакам да си ја земам пошо од пресата многу ми се гори косата.
Cappuccino од Авон, наликува на карминот од првата слика, можеби за нијанса е посветол само, ама тоа и од усните зависи.
Eternal flame јас го имам и е црвен, а на овој од втората слика повеќе наликува Тotally twig ама ја нема таа нијанса во каталогот што го постираше @girl-miri
@girl-miri, можеби другите девојки имаат подобро искуство но мене кармините на Авон премногу ми ја сушат устата. Џабе одличен избор на нијанси и супер трајност кога усните после ми се парче направени. Особено тие Extra Longlasting што ги имаш постирано на претходната страна ми се имаат покажано како екстра брутални. Не сакам да те пишманувам ама ако имаш изразено суви усни, не ги троши залудно парите за кармини кои само така ќе ти стојат во несесер додека да им помине рокот. @L.i.n.a.a, ја пробав мат бб кремата на Nutraeffects и имам само пофални збовори!!! Не знам какви пудри користиш ама јас користам стриктно наменети за сува кожа и бб кремава по покривност тука е со нив. Нормално не ги покрива сите несовршености ама предобро го уедначува тенот и дава здрав сјај. Иако е мат, содржи ептен дискретни микро светки и најважно, воопшто не ја суши кожата, туку ја остава пријатно хидрирана. Ако уште си на мисла да ја порачаш, дефинитивно нема да згрешиш ако ја земеш
Oва кај сите различно, јас ги користам редовно Еxtra longlasting ги имам Eternal flame, Cappuccino и Totally twig и нијансиве се преубави, кремасти се и мене воопшто не ми ги сушат усните, но не сум задоволна многу од трајноста, не се долготрајни.
И јас сум задоволна од longlasting кармините, многу се кремасти и не осеќам затегање на усните и не ми ги суши.
Зарем ги повлекоа лонг ластинг? Сега баш ги побарав и ги нема и јас имам еден и сум задоволна. Нарачав и мостри од авон true color бидејќи не можам да се одлучам меѓу 4 бои. Инаку ни во 6ката не ме привлече ништо друго и го имаат ставено каталогот на нет.
@buba4e89 Јас мислам дека му е сменета паковката затоа што порано памтам беа со црвена а сега се со црна. Баш види ги на 68-69 стр во каталог 6. Нијансите се тие, ако грешам нека ме поправи некој претставник.
На страната која ми ја предложи ги дава долготрајните кармини true color. Не се тие. Инаку со црвена опаковка беа.
Некој да ми ги пише шифрите од парфемите Black Suede na 81 страна? Немам кај мене каталог, а на страната не ми го отвора каталогот немам флеш плеер.