Мене не ми се допаѓа црно-белата ташна.Очекував поголема,внатре само една преграда да ставиш све па да не можеш да најдеш мразам такви ташни.Мислев дека има барем 2-3 патенти,надворешната преграда многу мала ништо не можеш да ставиш.
Како сте задоволни од Planet Spa маските за лице? Се мислам да нарачам гледам на попуст се и да ми препорачате која е за подобра за сува кожа?
Досега не го имам заприметено парфемов, некаде пишува дека е повлечен од Авон.. Не сум користела ниту еден од TTA линијата, ама овој ме привлече поради стакленото шише во зелена боја, ми делува свежо и пролетно, во составот пишува карамбола.. Ме интересира доколку некоја девојка го има користено да ми каже како мириса, дали е свеж, воздушест, погоден за лето, или е тежок? Јас го имам тоа спрејчето за тело на Натуралс што е со мирис на карамбола, и можам да кажам дека ми се врти и ми се слошува толку лошо што мириса, ако и парфемов мириса слично како него да си се откажам со време па да барам некој друг
@MayDiamonds го има ептен ретко во брошурите при крајот каде обично има повеќе производи на две страници и пишува 60% попуст под нив. Пред некој каталог го имаше го заприметив инаку го немам користено ниту пак некој ми го нарачал досега.
Конечно го најдов на фрагрантика, многу често е мешан со розевиот. Сите го пофалија, не прочитав негативен коментар.. Љубопитна сум сепак ќе го порачам па ќе видиме..
И јас сум презадоволна од кармините на Extralasting имам две нијанси,Eternal flame ја имам и уште една ама не се сејкавам која предобри се и воопшто не ми ја сушат устата.
Истата мат е со портокалово што беше? Од таа имам потрошено 2 тубиња, презадоволна сум. Ќе ја земам и оваа. Колку чини?
Не е истата мислам по формула само, во брошурата ја има сега портокаловата осветлувачка и оваа мат, мислам во идната или поидната веќе ги има сите. 199 денари во тековнава кампања
И уште ова ќе те прашам, нијансата light иста е како таа претходната или е можеби сменета? Затоа што на таа другата ми беше супер погодена нијансата, досега ниедна ббкрема па ни пудра не ми легнала така убаво на лице.
за секаква, ама кога е мат, многу подобро легнува на комбинирана и мрсна кожа зошто впива вишок маснотиии и сјај од кожата а сепак ја хидрира е трајна, не запазив да ти кажам саати ама ја нанесов негде околку пладне, комотно си ја носев до вечерта пред легнување
@crazylady четкава е за фенирање најпогодна, така и ја пишуваше кога испадна прв пат во брошурата. Доколку планираш со фенирање да го замениш пеглањето ти ја препорачувам. Ќе ти се намали оштетувањето ама нема да биде исправувањето исто како со пегла. И јас два-три пати неделно ја пеглам косата. Претходно кога имав обична пегла и не користев ништо друго освен шампон при миење заникаде ми беше косата иако секој месец ја скратував. Веќе година ипол ставам витамини во шампонот, користам маска после шампонот, после пеглањето ставам капки и супер ми е косата минимално ми е расцветана на врвовите иако ми е бланширана бидејќи ми е правена балаж техника.