Koja e подобра оваа или портоколовата ? Јас ја имам портокаловота и презадоволна сум а зеленава ја немам пробано, па ме интересира која е разликата.
портокаловата има "ваков" цвет во формулата, зелената има "ваква" трева во формулата, не знам точни имиња, ама тоа е единствената разлика, се друго е исто, мат + спф15 + природна база
Портокаловата ти е со сјаен финиш, односно за сува и нормална кожа а, зелената дава мат финиш и е за комбинирана и мрсна кожа. Тоа им е главната разлика. Останатото е исто и кај двете.
^ @Beauchamp од портокаловата има и мат, иста како зелената, само со една разлика во формула, како што пишав, додека од зелeната не знам дали има и сјајна или е само една мат
Да да знам, ама тоа не е од старата амбалажа ако не грешам? Овие новиве сега од К6 се малце поинакви во изгледот, портокалова потпишана е Radiance, зелената Мatte. И само две се, сега за сега Затоа така и ги пишав
Дали на некои од вас ви стигнаа масажерите што беа поклон со геловите за целулит? Јас ги порачав, но на фактурата ми пишува оти се во недостиг и ако се во недостиг, за колку време отприлика стигаат, кога се во недостиг производите?
Во наредни 3 кампањи доколку производот е повторно на залиха, ќе ти пристигне почнувајќи од наредната кампања. Иако, мене еднаш ми се случи, да поминат тие 3 кампањи, и после 4-та ми стигна производот. Што ме изненади, али ете се случува Пиши ако ти стигне, како си задоволна, ми фати окце и мене. Сакам да го пробам
Се согласувам. Јас ко користам овај ББ крем и многу сум задоволна. Многу лесно се нанесува на кожата и преку целиот ден дава чувство на хидратација. Според мое мислење ова е еден од нивните најдобри производи кој е доста погоден баш за во жешките денови.
Виолетовиот масажер е многу добар, мене ми стаса. Инаку дали некој ја има пробано пудрата на 58ма страна?
Женски, го има некоја спрејот на Марк што е фиксатор и подлога 2 во 1? Си го порачав од 460 беше намален во овој каталог на 160 . Ако го имате, како сте задоволни дали го бива?
Јас го порачав сеа во К5 кога беше 159 денари. Досега само еднаш го имам пробано, но само на пудра и маскара уште неколку пати да го користам подетално ќе напишам. Инаку како за прв пат забележав дека не ја суши кожата и пудрата ми стоеше 3-4 часа потоа ја избришав бидејќи за толку ми требаше. За подолг временски не сум го користела и за подрастична шминка, но како за прв пат според мене е солиден за цената.
@naturally, јас имам многу сува кожа и не можам да се пожалам од бб кремата Не само што ништо не истакнува, туку и ја остава кожата пријатно хидрирана
Девојки,а дали некоја ги има користено маслените спрејови? Поточно ме интересира за тој потхранувачкиот со арганово масло, ги видов сега во овој каталог се на попуст, баш ми треба нешто такво за кожава во моментов
Дали некоја ги има порачано или видено ташната и балетанките што ги има во корална, кремава и сина нијанса? Многу ми се свиѓаат