Искрено сум многу разочарана од сенките на авон. Многу слаб пигмент. Прескапи се за квалитетот. Освен на Лукс линијата. Исто и ружевите. Слаба пигментација и не траат. Спрејот за фиксирање во споредба со NYX е како да шприцаш водичка. Од друга страна пријатно сум изненадена од линијата Натуралс. Преубаво ми делува на кожата. Посебно капките Miracle glow. Капнувам 2,3 капки во течната пудра и како путер е на кожата.
фала ти многу и на тебе. и јас сум заинтересирана за матот имам комбинирана кожа повеќе таа би ми одговарала мислам...
Сакам да ја нарачам зелената бб крема. Но не можам да се одлучам дали light или medium. Ако има некој што може да ми ги спореди нијансите со Garnier бб кремата во долга тубичка, би ви била многу благодарна.
Лидерот не е одговорен за ништо такво да те извести,бидејќи пред да ја испратиш порачката,ти пишува ,и добро е да се чита сето тоа а не само да се скрола надолу,сега баш имаше известувањево врска со поместувањето на деновите на испорака.
^ И те како му е обврска да си се грижи за тимот. Бтњ, за неколку страни наназад дискусијата, еве ги сите ББ нутра и разликите за која каква кожа. Формулите не ги сликнав пошто во иден фокус се наведени само на последнава а другите се во постари броеви
Во каталогот од 2ри мај што почнува колку ќе бидат дијамантските моливчиња и течната пудра авон true color calming effect?
http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/eBrochure.page?index=1&cmpgnYrNr=201707 еве го ставиле, сега видов.
Девојки искуство со Mark 3D сјаевите што се на попуст? И оние што се членови дали имате информација за Extra lasting кармините дали се повлечени од продажба или ќе ги има во некој нареден каталог?
Не се повлечени од продажба, ќе ги има во К7, 199 ден. Ако мислиш на овие, а не во тенкото пакување :
http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/eBrochure.page?index=1&cmpgnYrNr=201706 Овде ја имаш целата брошура.
Јас ги имам и двата и се премногу трајни. far away се денови се осеќа на облеката и барем мене ми е убав пријатен мирис исто и luck. Кој и да го нарачаш нема да згрешиш. Инаку да истите парфеми се и помалите и поголемите.
Јас за luck се одлучив,интересен мирис ми беше од она што гребнав..чекам да ми стасa деновиве.Благодарам eloves..